
Македонија
Сообраќај
Согласно одлуката на Комисијата за заразни болести, денеска се враќаат во функција двата аеродрома за Македонија. Министерството за здравство информира дека протоколот што го донесе Комисијата е направен по сите светски стандарди.
-Во зградата ќе имаат можност да влегуваат само патниците. Тие ќе треба да пристигнат на аеродром три часа пред летот. Со ова, значајно ќе се намали ризикот од гужва. Патниците ќе мора да ги почитуваат принципите на дистанца, задолжително носење на маска и дезинфекција на рацете.
Во зградата е поставена и термална камера на влезот од ТАВ, за да се прави термален скрининг на сите патници кои доаѓаат во земјава.
Собата за изолација и понатаму ќе функционира, за патниците кои имаат покачена телесна температура.
Вработените од Центарот за јавно здравје ќе можат да индицираат и тестирање на патниците на кои ќе утврдат дека тоа е потребно, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.