Денко Малески

Објавил: Узунов Бобан | 10 јануари, 2019 11:26

Професорот Денко Малески кандидат за претседател на ДУИ и СДСМ ?

Фото/Текст извор: ©плусинфо/магазин

Професорот Денко Малески, за кого се споменува во јавноста дека е предлог на ДУИ за консензуален кандидат за претседател во неговата последна колумна објавена за порталот плусинфо,  влегува во фронтален напад на ВМРО-ДПМНЕ нарекувајќи ги Мицкоски и партијата македонски националисти само затоа што излегле на протест против Преспанскиот договор. Дали реториката која ја користи Денко Малески, со етикетирање на ВМРО-ДПМНЕ како националистична и анти НАТО-ЕУ партија всушност открива дека тој е веќе избран кандидат од Заев-Ахмети и каква ќе биде политичката кампања на власта ?

За жал, ваква прилика каква што и се укажува на водството и на партијата на македонските националисти, се чини, не се пропушта. Раководени од инстинктот за освојување на власта, а не од разумот кој налага умерено поведение, оваа политичка гарнитура продолжува по стариот пат. Тоа е патот кој и во победите гледа пораз на Македонија. И како што во 1993 не знаевме да се обединиме и да ја прославиме големата победа на Македонија која, по мирен пат, стана членка на ОН, туку дваесет и шест години го „славивме“ поразот на Поранешна југословенска Република Македонија, сега, на почетокот од 2019 го правиме истото. Наместо да се обединиме и да го прославиме историскиот договор со кој нашата држава, конечно, му се приклучува на модерниот свет, ние повторно зборуваме за пораз на Република Северна Македонија. Малкумина разбираат дека, во реалната светска политика, дури и патот до Република Македонија може да оди преку Поранешна Југословенска Република Македонија и Северна Македонија. Имено, во политиката, домашната и меѓународната, најкусиот пат меѓу две точки не е правата линија. 

Во интервју за пресс24 од јули 2018, на прашањето за можноста референдумот да биде успешен со цензус и на него да гласаат околу 1 милион граѓани, но резултатите да бидат педесет до сто илјади гласови разлика. Што во таква ситуација? Малески одговара: И еден глас повеќе од половина одлучува. Кога жителите на Квебек гласаа за независност од Канада, резултатот беше некаде 51 спрема 49, за останување, и сите ја прифатија одлуката како задолжителна, без оглед како лично гласале. Бројни се примерите кога граѓани на демократски држави достоинствено се поклонуваат пред вољата на мнозинството, без оглед на тесниот резултат. Кон такво поведение треба да стремиме и ние.

Денко Малески во колумната се обидува да ја искриви реалноста, да ја занемари волјата на македонскиот народ и супрематијата на Уставот,  и наместо како универзитетски професор да пишува за приниципи и право се става во позиција да ги оправдува политките на власта и славење на Преспанскиот договор кој не доби легитимитет на референдумот ниту легалитет во законодавната процедура. Дали Денко Малески со ова испраќа порака дека е спремен за претседател по теркот на Заев-Ахмети односно дека ќе го потпише Преспанскиот договор и Уставните измени ? 


Денко Малески беше министер за надворешни работи од 1991 до 1993 година кога си поднесе оставка од морални и лични причини. Јавноста, денеска кога Малески пишува за храброст и визионерство на политичките актери, легитимно го поставува прашањето дали поднесувањето на оставка во 1993 година не беше акт на слабост и бегање од одговорност ?!    

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

-Не само што ќе излеземе на претседателски избори, туку и бараме предвремени парламентари избори, за да се стави крај на манипулациите и лагите на владата предводена од СДСМ.

Јанушев : “Нема да ги бојкотираме претседателските избори”

Игор Јанушев генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ  синоќа гостуваше на телевизија...