Професор по биохемија - Рашела Мизрахи му одржа лекција по етика на професор по етика - Ферид Мухиќ

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 17 февруари, 2020 10:59

Професорот по етика Ферид Мухиќ не положи испит по етика кај Рашела Мизрахи

Фото/Текст извор: ©магазин

Последните неколку дена, политичката и јавната сцена во Македонија ја обележаа низа скандали. Повеќе од еден месец се дискутира и оспорува законот за ЈО кој вчера беше донесен на срамен начин со силување и кршење на деловникот за работа на Собранието. Првото гласање на кое не беше изгласан законот за ЈО беше поништено и ќе беше поништувано се чини се додека не се изгласаше. Само неколку дена пред изгласување на предлог законот за ЈО, во 4 часот утрината беше разрешена техничката министерка за труд и социјала – Рашела Мизрахи. Начинот на кој Собранието ја разреши министерката и причината за нејзиното разрешување беа срамни и понижувачки кон сите што имаме разум и ја разбираме апсурдноста на таа ситуација.

На својот фејсбук профил портпаролот на СДСМ – Коста Костадинов објави селфи со мојот професор, а верувам и професор на многу генерации – Ферид Мухиќ.  Во описот на сликата Костадинов напиша дека заедно со професорот Мухиќ и уште 78 други пратеници издејствувале победа над оние кои ги кочат носењето на законите и стигнувањето на „правдата“ во Македонија. Од целата лакрдија и скаламерија што ја гледам во Собранието, најемотивно го доживувам токму тоа што Ферид Мухиќ гордо и лицемерно го аминува секој срамен гест при кршење на правото и демократската волја.

Инаку Ферид Мухиќ е поранешен професот на институтот за филозофија при Филозофскиот Факултет во Скопје, предаваше историја на филозофија, а меѓудругото третираше и етички прашања во своите предавања

Отворена дланка е показател дека во раката немаме оружје. Овој гест е универзален антрополошки гест и кај сите луѓе значи исто. Отворена дланка е акт на пријателство, но професорот по етика ја отвора дланката изгледа само кога треба во неа нешто да земе.

Кога Ферид Мухиќ како доајен на македонската филозофија ќе се појавеше на конференција, стотици студенти со полу отворена уста ги следеа неговите говори и се ежеа од неговата остроумност, филозофичност и елоквентност. Ферид Мухиќ им беше репер за филозоф и интелектуалец и на неговите директни студенти и на онаа генерација како мојата која го знаеше само како еден од основачите на институот за филозофија, што ги следеше неговите конференциски настапи и учеше од неговите авторски книги. Истиот тој професор кој учеше на етика и морал генерации и генерации студенти во неколку прилики успеа да ги погази сите стандарди на етиката. Ако како што го цитираше Кант „Човек е човек само ако неговиот збор има тежина“ тогаш каков човек е тој што зборот си го погазува за многу краток период. Да се потсетиме дека професорот Мухиќ прво се изјасни дека нема да го даде својот глас за промена на уставното име, потем беше лидер помеѓу владините пратеници што од говорница апелираше да се прифати промена на уставното име. Колку и да се моќни и разумни аргументите кои ги даваше Ферид Мухиќ, сепак логиката мора да соработува а некогаш и да и служи на етиката. Логиката сама по себе не може да биде столбоносна за една заедница бидејќи заедницата треба да биде изградена не само на принципи, туку и на вредности, на љубов, на чест, на разбирање, на солидарност и на алтруизам. По вчерашната фотографија со Костадинов на кое мојот професор гордо позира во знак на победа над вмровските непријатели, целата слика и репутација што човек ја градел целата своја професорска кариера се топи како коцка лед. Патот до врвот е многу тежок бидејќи треба да вложиш огромен напор да се искачиш, но патот до дното е брз бидејќи и да недаваш напори да се срозаш доволно е само да се препуштиш на силата на гравитацијата да те голтне. Мојот професор ја предаде етиката, ги предаде нашите филозофи великани, го предаде нашиот Кант, студентските очи кои светкаво и со восхит гледаа во него. Доби само разочарани погледи, сомнителни студенти кои не можат лесно да се потпрат на оние што ги образуваат и на своите педагози, а кога човек нема верба во педагозите тој не може ниту да има животна насока. Токму професорот по етика со своите дела придонесе за тоа образованието да ја изгуби смислата, а потем и етичките приницпи.

Рашела Мизрахи е пример за етичен човек и таа докажува дека етиката пулсира во градите на човека, а не се фундира само во неговиот разум и знаење.

Уште по апсурдна ситуација е тоа што професор по биохемија – Рашела Мизрахи му одржа предавање по етика на професор по етика – Ферид Мухиќ. Среќа што го имавме примерот на Рашела и нејзиниот говор во Собранието пред неколку дена за да можеме да посочиме позитивен пример како достоинствено се заминува од функција бидејќи не си дозволил истата да те корумпира. Главата на Рашела Мизрахи беше крената од реална човечка гордост, главата на Ферид Мухиќ е крената поради фарса.

Фериде од сега ти можеш да бидеш само професор на таа багра со која седиш во заедничка пратеничка група и политичката партија која те делегира, на студентите по филозофија ти можеш да си им само негативен пример. Да беше на испит по етика кај Рашела Мизрахи немаше да поминеш, бидејќи со своите дела ти покажа дека етиката тебе ти била само теориска и ментална онанија. Таквите како тебе, во истоијата на филозофијата се познати како софисти, оние кои се способни да ја стават логиката во служба на своите интереси и да манипулираат со туѓите умови. Како и софистите и твојот професорски ангажман покажа дека никогаш не си бил професор, ти си бил подучувач за пари, зошто вистинскиот професор во очите на своите студенти умира како професор, а не како учесник во кршење на правото и штитење на криминалот.

Автор: Стојмановиќ Магдалена

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна


Корона вирусот го смени светот. Ваков хаос не може да се создаде без план, ниту пак да помине без некој моќен да извлече ќар од оваа ситуација.

ЛАТАС: СЕВЕРНА е банкрот држава- СДСМ ќе си заминат богати, а ние ќе останеме со последици и долгови!

Епидемијата е во фокусот на внимание. Секаде. Работите околу вирусот, советите, теориите...

Владата мора да најде пари за плати на сите вработени од фирмите на кои им е наредено да престанат со работа: угостителство, туризам, транспорт, школи, факултети, трговски центри...

ЛАТАС: Филипче не е супермен- Никаков херој не е, туку збунет човек кој не ја контролира ситуацијата

Состојбата ни е вонредна. Сега и официјално. Вонредната состојба Пендаровски и Заев...

Ние немаме друг начин да го споделиме со вас она што допира со нас, освен да пишуваме на социјалните мрежи и еден помал дел од нас и во медиумите.

ВЕДНАШ ПРЕЗЕМЕТЕ МЕРКИ: Влегуваме во италијанско сценарио, време е за вонредни мерки!

Не сум сигурен, но мислам дека неколку наши државни раководители, коишто деновиве...