
Вести
Избори 2020
Универзитетскиот професор Јордан Шишоски во гостувањето во емисијата Утрински брифинг, на Слободна ТВ истакна дека на овие избори резултатите се израмнети.
Партиите се однесуваа како што се однесуваа, но она што треба да се земе предвид и дека двете најголеми македонски партии изгубија најмногу гласови. Од друга страна кај албанскиот политички блок ситуацијата е обратна. Само кампањата на ДУИ го победи духот на времето.
Шишоски посочи дека на овие избори никој не очекуваше дека ДУИ, ќе добие голем број на гласови како што и се случи а според него главната цел на оваа кампања беше да се покаже дека во македонската јавност политичка сцена уште постои голема доза на омраза и отфрлање кон Албанците.
-Никој не очекуваше дека ДУИ ќе добие толку многу гласови. Идејата за Албанец премиер ние како општество не ја земавме како сериозност. Генијалноста во оваа идеја е што ДУИ успеа да посочи кон најголемите политички оператори, како и целата македонска сцена дека оваа идеја не смее да се земе со исмевање. Мислам дека главната цел на оваа кампања беше да се покаже дека во македонската јавност политичка сцена уште постои голема доза на омраза и отфрлање кон Албанците.
-ДУИ е клучен фактор, но она што тие го покажаа кон албанската јавност е дека за македонските политичари, албанскиот политичар е само украс, смета Шишоски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.