Проф-д-р Николиќ кој има 30 годишно искуство во оваа област, впрочем е и единствениот доктор кој работи во здравствена установа во земјата, а има зад себе искуство од вакви интервенции. Самиот бил дел од три тимови за трансплантации на срц

Објавил: Стојче Бушин | 22 мај, 2020 23:57

ПРОФ. Д-Р НИКОЛИЌ И Д-Р ДИМЧЕ СЛАВЕСКИ ОД АЏИБАДЕМ СИСТИНА ДЕЛ ОД ТИМОТ ШТО ЌЕ ЈА ИЗВЕДЕ ПРВАТА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА СРЦЕ ВО ЗЕМЈАВА!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Проф. Д-р Николиќ и д-р Димче Славески од Аџибадем Систина дел од тимот што ќе ја изведе првата трансплантација на срце во земјава

Професор д-р Александар Николиќ кардиохирург од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и шефот на Одделот за анестезија д-р Димче Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија од „Аџибадем Систина“ ќе бидат дел од тимот доктори кардиохирурзи и анестезиолози кои ќе ја направат првата трансплантација на срце во земјава, која ќе биде изведена вечерва на Клиниката за кардиохирургија во државниот Клинички центар.

Проф-д-р Николиќ кој има 30 годишно искуство во оваа област, впрочем е и единствениот доктор кој работи во здравствена установа во земјата, а има зад себе искуство од вакви интервенции. Самиот бил дел од три тимови за трансплантации на срце.

Првата трансплантација на срце во земјава ќе ја работи мешан тим кардиохирурзи, врвни експерти од повеќе здравствени установи меѓу кои и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија и д-р Жан Митрев од „Жан Митрев Клиник“.

Станува збор за тешка и ризична интервенција каква досега не беше направена во Македонија, поради што ова е голем исчекор за македонското здравство.

Министерството за здравство објави дека во тек се подготовките на тимовите. Донор на срцето е почината пациентка чие семејство се согласило срцето да го добие друг пациент кој веќе долго време чека донор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Ова е одличен резултат на политиката на инвестирање во млади лекари и медицински сестри. Само преку ваква грижа на младите им даваме шанса да останат и да работат во нашата земја, во нашето јавно здравство, потенцира Филипче.

Филипче: Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина

Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина, објави министерот за здравство...

Тој потенцираше дека Скопје се уште е најголемо жариште на вирусот, а Чаир е општина со најголем број на заболени

Д-р Стојанов: Сѐ поголем е бројот на млади кои завршуваат на респиратор

Др. Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје за телевизија Сител...

Продолжуваме со нови проекти за здравствените работници и инвестиции во подобро здравство!

ФИЛИПЧЕ: Корона кризата потврди дека здравствениот систем е еден од основните столбови на државата

Корона кризата потврди дека здравствениот систем е еден од основните столбови на државата....