Македонија
Политика
Професорката Гордана Силјановска Давкова реагираше на социјалните мрежи зошто во стенограмите од дебатата за Законот за Јавно обвинителство во Собранието и го избришале зборот РЕКЕТ и наместо тоа ставиле тире.
Давкова вели дека тоа е само уште една манифестација на хибридниот режим. Таа потенцира дека владата ја цензурирале книгата на Стојан Андов, газејќи врз правото на слободно изразување на мислата и исто така среде Собранието како „ школа на демократијата“ цензурираат експертски излагања.
- Жестоко атакуваа на „ Трето полувреме“ за да не се замерат со бугарската власт, која наместо да се извини за ужасната, трагична, незаборавна сага за Македонските Евреи, бега од историската вистината, пишува на фејбук статус професорката Давкова.

Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994).
Го цензурираа филмот „ Ругање со Христа“, без да го гледаат, повредувајќи го правото на слободно уметничко творештво. Ја цензурираа книгата на Стојан Андов, газејќи врз правото на слободно изразување на мислата. Среде Собранието како „ школа на демократијата“ цензурираат експертски излагања.
Го избришале од стенограмот на обраќањето на проф. Сиљановска Давкова зборот „ РЕКЕТ“. Што е следно во демократијава што „блеска“/блес(к)ави: забрана да се изговори „ „Рекет“, среде Рекетарска Македонија?
Погледнете ги стенограмски белешки од јавната расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“ од 28-01-2020 година. Кај моето излагање наместо зборот „ рекет“, има долго тире, како симбол за „ рекетирање што тече“?!
Уште една манифестација на хибриден режим, пишува Давкова.!
На конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која се одржала во Струга, Гордана Силјановска-Давкова била избрана за претседателски кандидат.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Политика
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.