Македонија
Вести
Во оваа колективна трагедија да покажеме национално единство во тагувањето и највисоко ниво на самосвест.
Емпатијата во оваа најдлабока тага сега е најважна, а сензационализмот само ја поткопува социјалната кохезија на општеството, апелираат психолозите за денешниот ден на кој испративме 59 млади сограѓани во вечноста.
Според психологот Кеверески, тагувањето има повеќе фази и е потребно време да се работи со семејствата, блиските и сите настрадани граѓани од катастрофата во Кочани.
Оваа колективна трагедија ја чувствуваат и децата и најстарите, да дозволиме достоинствено да ја истагуваме како општество, покажувајќи емпатија и солидарност, препорачуваат психолозите. Во пружање на целосна психолошка помош и поддршка се вклучија и Клиниката за психијатрија како и Комората на психолози.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.