Откако речиси цела вечер нашата претставничка Тамара Тодевска беше на врвот на табелата, одеднаш дојде до пресврт, по што победи Холандија, односно претставникот Данкан Лоренс со песната „Arcade“. Но едно е сигурно, да се прашуваше само публиката тоа не би било така.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 мај, 2019 12:40

Публиката не ја одбра Холандија за победник- ако се земеа предвид само гласовите од телеволтинг ќе победеше земја која не беше ниту во првите три!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Овогодинешното издание на Евровизија која се одржуваше во Тел Авив, може да се каже дека беше најнеизвесно до сега. 

Откако речиси цела вечер нашата претставничка Тамара Тодевска беше на врвот на табелата, одеднаш дојде до пресврт, по што победи Холандија, односно претставникот Данкан Лоренс со песната „Arcade“. Но едно е сигурно, да се прашуваше само публиката тоа не би било така.

Медиумите не престануваат да објавуваат за овогодинешната Евровизија која се одржа во Тел Авив, Израел

Доколку гледаме според гласовите од публиката ќе заклучиме дека, таа се одлучила за песната која што воопшто не беше ни во фаворитите. 

Според резултатите од гласањето на публиката од сите земји учеснички на Евровизија се покажа дека на гледачите најмногу им се допадна песната која не се најде ниту во првите три места, односно преку телеволтингот Норвешка добила дури осум 12-ки. Норвешка годинава на Евровизија ја претставуваше групата „Keiino“ со песната „Spirit in the Sky“ која доби вкупно 291 поен од публиката.

Норвешка со комбинација од гласовите од публиката и стручното жири заврши на петтото место, што беше изненадување на вечерта.

Само една земја имаше повеќе 12-ки во финалето од публиката, а тоа е Русија која ја претставуваше Сергеј Лазарев, оваа земја доби дури 11, 12-ки, додека во првите три места се најде и Италија чии бои ги бранеше Махмуд.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Излегување