
Македонија
Култура
Вчеравечер се одржа 35-тото издание на фестивалот Макфест во Штип, а за прв пат на отворено на Градскиот плоштад “Слобода”.
Во добро расположение, публиката со маски и растојание од еден метар, ужуваше во безвременските хитови во изведба на Дарио, Џокси, Џафер, Лидија Кочовска, Трајче Манев, Ристо Самарџиев, Олгица Христовска.

Публиката и организаторите преку видео порака ги поздравија фронтменот на групата “Поп дизајн” и Хелена Благне. На овогодинешното издание, организаторите оддадоа почит на починатиот музичар и водител Драган Вучиќ кој годинава ја загуби битката со коронавирусот. Песните кои Драган ги има напишано и денеска живеат, а една од нив е безвременската Свирете ја Зајди Зајди….
Вечерва е финалната и натпреварувачка вечер а на сцената ќе настапат многу изведувачи, меѓу кои: Пере и Нокаут, Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, Биба Додева, Димитар Андоновски, Ѓоко Танески и неколку други.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.