Вчера (4 август) околу 15 часот, на свадбена свеченост што ја организирал гостиварец А.С.(45) на улица „137“ во Гостивар, бил нарушен јавениот ред и мир со пукање од огнено оружје. По извршениот увид, а А.С. повикан е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.

Објавил: Весна Петровска | 5 август, 2019 12:21

ПУКАЊЕТО ПО СВАДБИ ЧЕСТА ПОЈАВА ВО МАКЕДОНИЈА – законот вели 10 години затворска казна

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Често во Македонија свадбените веселби кулминираат во крвави прослави, пред неколку дена ранет за време на свадбена веселба беше синот на пратеникот на ДУИ. Џевад Адеми и уште едно лице беа повредени на прослава во Мала Речица, Тетово. Тие биле ранети од залутан куршум.

Поради сериозноста на повредите, тие биле однесени во Клиничкиот центар во Скопје на клиниката за торакална хирургија.

По овој инцидент, во Гостивар исто така било пријавено дека се пукало за време на свадба.

Како што информираат од МВР, две лица ќе се соочат со пријави за неовластено пукање од огнено оружје на свадбени свеченост во Гостивар.

Полициски службеници, вчеравечер (4 август) околу 23 часот и 25 минути, го привеле гостиварецот Ш.К, (49) кој на свадбена веселба организирана во дворот од неговата куќа во населбата „Бањешница“, го нарушил јавниот ред и мир со пукање со пиротехнички средства. По целосното расчистување на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Две лица со пријави за пукање на веселби во Гостиварско

Вчера (4 август) околу 15 часот, на свадбена свеченост што ја организирал гостиварец А.С.(45) на улица „137“ во Гостивар, бил нарушен јавениот ред и мир со пукање од огнено оружје. По извршениот увид, а А.С. повикан е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.

Пукањето на веселби, особено летниот период е зачестена појава и притоа се регистрирани и потешки инциденти. Во саботата, полицијата го лиши од слобода 53 – годишниот Б.Ф. во чиј дом се одржувала свадбата. Тој се сомничи дека пукал со огненото оружје при што две жени беа ранети.

Од СВР Тетово нагласуваат дека спроведуваат засилени контролните и репресивни за откривање и законско санкционирање на „пукањата“ и приредувањето на огномети без одобрение

Пукањето од огнено оружје на свечености е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и се казнува со глоба 200 до 500 евра.

Во случаи со повредување и ранување тоа може да се третира и како кривично дело „предизвикување на општа опасност”, кое се санкционира со затворска казна од 1 до 5, односно 10 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Тројцата напаѓачи се приведени во Полициска станица, а полицаецот со прострелни рани се наоѓа вон животна опасност.

ПУКАЊЕ ВО ВЕЛЕС: Полицаец застрелан со четири куршуми додека бил во контрола

Денеска околу 10.15 часот пред црквата “Св.Спас“, кај Градските гробишта, полициски...

МВР информираше за несреќата во која се повредени над 20 патници при судир на автобус и автомобил.

СТРАШНА НЕСРЕЌА КАЈ КУМАНОВО: Автобус се заби во автомобил – 20 лица повредени!

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на автопатот Куманово- Табановце, има повредени. МВР...