Тројцата напаѓачи се приведени во Полициска станица, а полицаецот со прострелни рани се наоѓа вон животна опасност.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 февруари, 2020 16:33

ПУКАЊЕ ВО ВЕЛЕС: Полицаец застрелан со четири куршуми додека бил во контрола

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска околу 10.15 часот пред црквата “Св.Спас“, кај Градските гробишта, полициски службеници при преземање на службени дејства биле физички нападнати од четири лица, соопштуваат од МВР.

Како што соопшти полицијата, сеуште се трага по еден од четворицата напаѓачи кој денеска претпладне го повреди полицаецот во Велес, пред цркавата „Св.Спас“ кај градските гробишта.

Тројцата напаѓачи се приведени во Полициска станица, а полицаецот со прострелни рани се наоѓа вон животна опасност.

Утрово околу 10.15 часот пред црквата “Св.Спас“, кај Градските гробишта, полициски службеници при преземање на службени дејства биле физички нападнати од четири лица.

Едно од нив на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзело службениот пиштол и пукало кон него. Е.М. бил префрлен во здравствена установа во Скопје за укажување на лекарска помош. Тројца од напаѓачите се приведени во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, изјави за Телма портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Доктор Тодор Јаковлевски, портпарол на ЈЗУ Општа болница, изјави дека повредениот полицаец кој бил донесен во болницата нешто по 11 часот се здобил со четири прострелни рани во абдоменот и една во колено и засега е вон животна опасност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Пожарникарите од скопската бригада се на терен и работат на гасење на пожарот. Како што претходно информираше „Република“ на лице место пристигнал и трет противпожарен камион.

Пожар во стан во скопската населба Ново Лисиче- пожарникарите ги извлекуваат станарите

Претпладнево изби пожар во два стана во зграда спроти ОУ „Лазо Ангеловски“ во скопската...

МВР информираше за несреќата во која се повредени над 20 патници при судир на автобус и автомобил.

СТРАШНА НЕСРЕЌА КАЈ КУМАНОВО: Автобус се заби во автомобил – 20 лица повредени!

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на автопатот Куманово- Табановце, има повредени. МВР...