
Свет
Косово
Во Пеја во Косово со огнено оружје повредени се две лица, а сторителот на делото се дал во бегство.
Како што пренесуваат косовските медиуми еден од повредените е роднина на лидерот на ААК, Рамуш Харадинај, односно станува збор за Ахмет Џекај внук на Харадинај, објави Курир.мк!
Како што пишуваат косовските медиуми двете лица се надвор од животна опасност, а како што наведуваат истите второто лице кое што настрадало било случаен минувач.
Полицијата работи на цечосно расчистување на случајот.
Неодамна Aнита Муцај Харадинај, новинар на РТК и сопруга на Рамуш Харадинај, била примена во Ургентниот центар во Приштина откако била претепана од нејзиниот сопруг, пренесуваа албанските медиуми.
Рамуш и Анита се во брак 17 години. Пред тоа, тој беше оженет со Швеѓанка со која има син од првиот брак. Тој има три деца, два сина и ќерка со новинарката Анита!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.