
Свет
Инциденти
Во градот Куопио, источна Финска, едно лице е убиено а најмалку девет лица се повредени.
Како што соопшти полицијата едно лице е убиено во инцидентот, а уште едно лице е уапсено.

Десет лица се повредени во нападот извршен од маж вооружен со меч во трговски центар во Финска. Нападот се случил во градот Куопи, а мотивите сѐ уште се непознати.
Напаѓачот насилно влегол во трговскиот центар, а по него влегла и полицијата, по што почнала да се одвива права драма.
Сведоците изјавиле дека нападите се случиле во високообразовна институција лоцирана во трговскиот центар.
Куопио се наоѓа околу 330 километри северно од финската престолнина Хелсинки.
Финска или службено Република Финска е нордиска земја во Северна Европа, заобиколена со Балтичкото Море на југозапад, Финскиот Залив на југоисток и Ботнискиот Залив на запад.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.