Ќе истече метан колку што загадува Хелсинки со СО2 за цела година

Објавил: Македонка Димкин | 29 септември, 2022 12:12

ПУКНАТИОТ СЕВЕРЕН ТЕК ЌЕ ПРЕДИЗВИКА НЕВИДЕНА ЕКО-КАТАСТРОФА 30 пати поштетниот метан веќе надвиснува над Балтичкото Море

Фото/Текст извор: ©plus info

Постојат голем број несигурности, но ако овие цевководи пропаднат, влијанието врз климата ќе биде катастрофално, па дури и може да биде без преседан, вели за Еуроњуз атмосферскиот хемичар Дејвид Мекејб, виш научник во непрофитната работна група за чист воздух. Се претпоставува дека за 100 години метанот има 30 пати поголема моќ да загадува и да ја затоплува атмосферата.

Запаливиот гас метан се шири во воздухот над протекувањата на цевките Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море, а ако некој не го санира дефектот може да дојде до „невидена катастрофа без преседан“, велат научници за Еуроњуз. Метанот има 30 пати поголема моќ да загадува и да ја затоплува климата од јаглерод диоксидот во едно столетие, а како тргнала работата, во воздухот можат да истечат и до 200.000 тони ако се исцрпи целиот останат гас во цевките.

За да биде уште полошо, ако мериме во период од 20 години, тогаш овој метан има 80 пати поразорзна моќ во однос на климата и животната средина. Се смета дека само во првиот ден од експлозијата на подводните цевки истекле 500 тони гас. Научниците допрва ќе ја прават точната проценка што ова ќе значи за светот.

– Постојат голем број несигурности, но ако овие цевководи пропаднат, влијанието врз климата ќе биде катастрофално, па дури и може да биде без преседан – вели атмосферскиот хемичар Дејвид Мекејб, виш научник во непрофитната работна група за чист воздух.

Иронично, лани над 100 земји во светот, по долги преговори едвај се договорија да ги намалат емисиите на метан за 30 отсто до 2030 година, а на ЦОП26 самитот во Велика Британија нафтените магнати беа притиснати да направат промени во таа насока.

По сѐ изгледа зелената агенда ќе почека, барем зимава. Светот ги искусува 20-те најтопли години во историјата, а имаме температури за 1,2 степени повисоки од крајот на 19 век. Ако температурите надминат 2 степени, тоа ќе биде катастрофално предупредупредуваат научниците. Се смета дека имаме 48 отсто шанса да се задржи негде на 1,5 степен ако намалиме со гасовите, но што се случува кога моќниот метан ненадејно влегува во играта?

Ќе истече метан колку што загадува Хелсинки со СО2 за цела година

 Таа количина на метан би имала приближно ист потенцијал за глобално затоплување во временска рамка од 100 години како околу 6 милиони тони јаглерод диоксид, според пресметките засновани на факторите на конверзија на IPCC.

Тоа е приближно на исто ниво со количината на CO2 што е емитирана во текот на една година од градовите со средна големина како што е Хелсинки.

Количината на гас што истекува од системот на гасоводот „Северен тек 1“ е помалку јасна, при што портпаролот на гасоводот одби да каже колку останало во системот кога тој беше исклучен за одржување пред неколку недели.

Стефано Граси, шеф на кабинетот на еврокомесарот за енергија на Европската унија, во вторникот рече дека истекувањето ризикува да стане „климатска и еколошка катастрофа“.

„Ние сме во контакт со (земјите-членки на ЕУ) за да разгледаме што се случило и да го најдеме најбрзиот начин да го запреме протекувањето и да избегнеме полоша штета“, напиша Граси на Твитер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Имено, во новиот Закон за заштита на потрошувачите, донесен во СКРАТЕНА собраниска постапка со европско знаменце, на сите трговци во државата се наметнува обврска амбалажите, налепниците, сертификатите, декларациите, гарантните листови и останатата документација на производите да ја испишуваат и на албански јазик и неговото писмо.

ВОВЕДЕНА ПРОТИВУСТАВНА ДВОЈАЗИЧНОСТ ВО СТОПАНСТВОТО НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ВОВЕДЕНА ПРОТИВУСТАВНА ДВОЈАЗИЧНОСТ ВО СТОПАНСТВОТО НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА Владејачката...

Во истрагата се вклучени 15 лица, меѓу кои и поранешниот министер за здравство Бујар Османи, актуелен вицепремиер за европски прашања и и главен политички преговарач и шеф на Делегацијата за преговори со Европската Унија!

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БУЈАР ОСМАНИ ОСОМНИЧЕН ВО НОВА ИСТРАГА НА СЈО „ПАЦИЕНТ“

Во истрагата под кодно име „Пациент“, една од шесте што ги објави денеска Специјалното...

За настанот, како што велат оттаму, е информиран Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот

Украдено возило на Итната помош од кочанската болница, полицијата го пронашла по петчасовна потрага

Неколку часа по пријавената кражба, во 8:30 часот утринава, полицијата го пронашла возилото...

Помеѓу граѓаните кои го забележале доаѓањето на германскиот претседател имаше такви кои веднаш прокоментираа дека станува збор за ,,луксузното возило на Груевски”, а градоначалникот Јанчев за ,,Фокус” потврди дека се работи за истото возило.

Со „мерцедесот на Груевски” Штајнмаер дојде во Кавадарци!

Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер вчера попладне...