Џонсон и Вилер, кој е адвокат, се венчаа во 1993 година и имаат четири деца.

Објавил: Сара Фемина | 18 февруари, 2020 16:55

ПУКНА ТИКВАТА: Се разведе Борис Џонсон- судијата им забрани на медиумите да известуваат

Фото/Текст извор: ©Foto: EPA/STR UK AND IRELAND OUTмагазин.мк

Британскиот премиер Борис Џоонсон и неговата сопруга Марина Вилер денес постигнаа договор за развод.

Адвокатите на Џоонсон и Вилер присуствуваа на краткото приватно сослушување пред Централниот семеен суд во Лондон, пренесе АП.

Судијката Сара Гибонс им забрани на медиумите да известуваат финансиски детали за спогодбата. Судијата и даде на Вилер дозвола да поднесе барање за развод, што формално ќе го раскине.

Новиот премиер на Броис Џонсон е познато лице во Велика Британија, но и ширум светот. Џонсон е поранешен шеф на дипломатијата на оваа земја, а своевремено беше и градоначалник на Лондон.

Џонсон и Вилер, кој е адвокат, се венчаа во 1993 година и имаат четири деца.

Тие во септември 2018 година објавија дека планираат да се разведат. Цонсон (55) сега живее со 31-годишната партнерка Кери Симондс во официјалната резиденција на премиерот во Даунинг Стирт бр. 10.

Борис Џонсон е контроверзна фигура во британската политика и новинарство. За приврзаниците тој е духовит, популарен и привлечен, додека за оние кои го критикуваат велат дека е елитист, неискрен, мрзлив и употребува расистички и хомофобичен јазик.
Дипломирал класични науки на Универзитетот во Оксфорд, во Лондон се вработил како советник за менаџмент, но дал отказ по само една недела.
Ја почнал кариерата како новинар, а не како политичар, но набрзо западнал во неволја.

Почнал во лондонски Тајмс каде предизвикал скандал кога напишал статија за археолошко откритие – измислил изјава за која лажно тврдел дека ја добил од историчарот Колин Лукас, негов кум. Поради тој скандал е отпуштен од Тајмс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

„Тоа само негативно влијае на способноста на нашата индустрија да го одржи оперативниот капацитет на мрежите за поддршка на масовната работа од дома и достапноста на итни услуги“, забележа компанијата.

Страв од наводна врска 5G и COVID-19: Британците ги запалија телекомуникациските столбови!

Во неколку градови во Велика Британија запалени се столбовите на мобилната телефонија,...

Три дена подоцна, истото се случи и за време на бдеењето, а пријатен мирис се ширеше низ црквата.

ЧУДО ВО МАНАСТИР: Се расплакаа три икони, низ храмот се шири пријатен мирис- еве што вели свештеникот!

Чудо се случи во храмот на Преображение во Лјубовија минатата недела. Три икони од...

Српската армија во салата 1 организира простор за сместување, јадење и гледање телевизија, а достапни се книги, списанија и дневeн печат.

ЕКСКЛУЗИВНО МЕНИ- вака се хранат заразените ВО КАРАНТИН во Србија: Гулаш, свинско месо, печење, туршија, цвекло!

Во салата 1 на Белградскиот саем, каде што српските вооружени сили организираа привремена...

Онтарио се бори да најде повеќе респиратори, но бидејќи потрагата по нив е низ целиот свет, тие се свртеа кон други можни решенија.

ДОКТОР СО ЕДЕН РЕСПИРАТОР СПАСИ 9 ЖИВОТИ: Цел свет зборува за генијалниот потег на докторот од Канада!

За секоја земја во време на пандемија на коронавирус, еден од најголемите проблеми...