Здравствените служби потврдија дека 23 лица, меѓу нив 5 деца биле прегледани во болниците, но само едно лице било задржано за дополнителен третман на повредите.

Објавил: Сара Фемина | 16 август, 2019 19:43

Путин ги одликува пилотот и копилотот за безбедното слетувањето на патничкиот Ербас во поле со пченки!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пилотот на рускиот патнички авион кој остана без енергија во двата мотори откако во текот на вчерашниот лет удри во јато галеби, денеска е вистинска ѕвезда во руските и светските медиуми затоа што успеа безбедно да го приземји леталото во поле со пченка и само еден човек од вкупно 233 патници и членови на екипажот беше хоспитализиран со потешки повреди.

Пилотот Дамир Јусупов е херој, објавија руските медиуми а портпаролот на Претседателот Путин, Дмитри Пешков најави дека целиот екипаж ќе ги добие најголеми државни почести. Капетанот Јусупов, скромно порачува – јас не сум херој.

Јас не сум херој. Не се чувствувам така, затоа што ја вршев својата должност: да го спасам авионот, патниците и екипажот. Имаше само еден начин тоа да го направам и затоа не сметам себеси за херој, секој пилот ќе го направеше истото, вели пилотот Дамир Јусупов.

Здравствените служби потврдија дека 23 лица, меѓу нив 5 деца биле прегледани во болниците, но само едно лице било задржано за дополнителен третман на повредите, пишува телма.

Малку се чувствувам виновен дека не ги однесов патниците до нивната дестинација во Симферопол. Зборував со дел од патниците која одев околу авионот. Посакувам оние кои беа повредени набргу да заздрават и да не плашат да летаат со авионите, вели пилотот.

154 од 221 патници на авионот на Урал Ерлајнс одбиле да се качат на наредниот лет за Симферопол, на Крим и ќе добијат компензација за своите неискористени билети во износ од 100 000 рубљи, околу 1500-тини долари.

Останатите синоќа безбедно слетаа на својата дестинација и покрај своите најблиски, беа пречекани од бројни новинарски екипи. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека бил принуден да се обрати на јавноста по, како што наведува, многубројните лажни вести за него и неговото семејство

Вицето: смешно е мене да ме поврзувате со рекет, јас сум честит човек!

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека...

Тој во допис за медиумите вели дека бил принуден да се обрати до јавноста по лажните вести кои акко што вели доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ а се контролирани од Никола Груевски. 

Сакаат да ни наштетат, ниту јас, ниту брат ми не сме вмешани во “Рекет”- по два дена молчење се огласи Вице Заев

Откако во медиумите пред два дена одекна веста дека Вице Заев и поранешниот премиер...

Туку тој станува државен рекет каде што премиерот и неговиот брат се вмешани. Два дена имаме целосен молк од Зоран Заев и Вице Заев за фактот дека остварувале средби и се координирале со главните учесници во рекетот Катица Јанева и веќе осудениот за „Рекет“, Зоран Милевски Кичеец. Два дена имаме целосен молк од  Зоран Заев и Вице Заев.

“Два дена молк од Зоран Заев и Вице Заев- бегаат од одговорите што разговарале со осомничените во случајот „Рекет“

Прес конференцијата денеска е продолжение на вондредната прес конференција пред два...

Таа сведочеше за убиството на четирите момчиња и рибарот на Смилковскоро езеро и рече дека дел од информациите кои пристигнале до неа биле издржани, но дел и веднаш отфрлани.

Јанкуловска сведочи за „Монструм“: Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка биле причина за убиството?

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска сведочеше...