Горивото што се истури во рускиот дел на Арктичкиот круг стигна до езерото од кое реката тече северно кон океанот.

Објавил: Сара Фемина | 9 јуни, 2020 21:56

ПУТИН ЗБЕСНА! Еколошката катастрофа од Сибир станува светски проблем (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Минатата недела, претседателот Владимир Путин прогласи вонредна состојба и ги критикуваше локалните власти за лошо управување со инциденти.

Горивото што се истури во рускиот дел на Арктичкиот круг стигна до езерото од кое реката тече северно кон океанот.

Резервоарот за гориво на електраната во близина на сибирскиот град Норилск се сруши минатиот петок, по што повеќе од 21.000 тони дизел гориво се истури во реките и земјиштето.

Гринпис го спореди инцидентот со излевањето на нафта „Ексон Валдез“ во близина на Алјаска во 1989 година, што се смета за една од најголемите еколошки катастрофи во историјата.

– Горивото влезе во езерото Пјасино – најави Александар Ус, гувернерот на Краснојарск и додаде: Сега е важно да се спречи да влезе во реката Пјасино, што тече кон север. 

Езерото Пјасино е во должина од околу 70 километри, а од него до морето Кара, дел од Арктичкиот океан, тече реката Пјасино.

– Тоа ќе има негативно влијание врз снабдувањето со вода, врз животните и растенијата што растат на брегот на реката – рече Василиј Јаболоков, шеф на Гринпис за климатски прашања во Русија. 

Ус истакна дека оваа катастрофа е најлоша од ваков вид во Арктикот и во модерната руска историја, па тој посочи дека мора да се испита зошто на таа компанија биле потребни два дена да ги извести надлежните за несреќата и првично да дадат погрешно објаснување.

Градот Норилск вети дека ќе ги покрие трошоците за чистење и најави дека се верува дека несреќата е предизвикана од одмрзнување на пермафростот, што ги урна темелите на резервоарот за гориво.

Градот Норилск вети дека ќе ги покрие трошоците за чистење и најави дека се верува дека несреќата е предизвикана од одмрзнување на пермафростот, што ги урна темелите на резервоарот за гориво.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

„Можам да кажам дека првата вакцина против вирусот корона е готова“, рече Чаликов во разговорот со новинарите од весниците „Факта“ и „Аргумент“, пренесува ТАС!

РУСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОРОНА Е ГОТОВА: Последните проверки направени- сите доброволци развија имунитет кон вирусот!

Првата руска вакцина против корона вирусот, направена од воени експерти и научници...

Вакцината, наречена AZD1222, развиена од AstraZeneca и научници од британскиот универзитет во Оксфорд, не предизвика сериозни несакани ефекти и доведе до имунолошка реакција во форма на антитела и Т-клетки, покажуваат резултатите од тестот објавени денес во медицинскиот журнал Лансет.

ОДЛИЧНА ВЕСТ! Студијата покажа дека вакцината во Оксфорд е БЕЗБЕДНА!

Експерименталната вакцина „ковид-19“ развиена од АстраЗенека е безбедна и произведе...

Најголемем пораст има во САД, Бразил, Индија и Јужна Африка, се наведува во дневниот извештај на СЗО. Претходниот ден, регистрирани се 237.743 новозаразени.

СЗО: Рекорден пораст, втор ден по ред, на бројот на заразени со корона вирусот

Бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19 во светот бележи рекорден пораст веќе...