Русија треба да го стори истото, смета Путин. Како прво, државата е заинтересирана за пристигнување луѓе со познавање на рускиот јазик и култура.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 јули, 2020 11:49

ПУТИН ЗНАЕ КАКО ДА ЈА ОПОРАВИ РУСКАТА ЕКОНОМИЈА: Ќе не спасат мигрантите!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Руската економија, која е погодена од вирусот корона и падот на цената на нафтата, може да се опорави благодарение на мигрантите, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Русија е заинтересирана за пристигнување на мигранти, но за оние кои и се потребни на државата. Не зборувам за постари лица, туку за млади, образовани, здрави луѓе кои се подготвени или да бидат едуцирани и да влијаат на пазарот на трудот, или да започнат со работа веднаш, со потребни квалификации “, рече Путин на состанокот со работната група за подготовка на уставните измени.

Како што оцени, во некои земји таа работа е подигната на „многу високо, солидно, скоро научно ниво“.

Русија треба да го стори истото, смета Путин. Како прво, државата е заинтересирана за пристигнување луѓе со познавање на рускиот јазик и култура.

„Што се однесува до економијата, сосема е јасно дека со развојот на економијата веќе ни фалат работници. Тоа станува вистинска објективна сопирачка за економскиот раст во земјата. Тоа е еден од сериозните проблеми“, рече Путин.

Тој нагласи дека повеќе пати давал наредба на Владата да го реши овој проблем.

Сепак, тој додаде дека Русија мора да се грижи дека пристигнувањето на мигрантите не ја нарушува социјалната архитектура, дека не се повредени правата на руските граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Директорот на СЗО, Тедрос и директорот на СЗО за итни програми Мајк Рајан ги повикаа сите нации строго да ги спроведат здравствените мерки како што се носење маски, физичко растојание, миење на рацете и тестирање.

СЗО: И покрај сите напори, во моментов нема спасоносна вакцина против коронавирусот!

И покрај сите обиди кои ги прават научниците за да создадат ефективна вакцина против...

На четврто место е Русија со 850.870 заболени, на петто место Јужноафриканската Република – 503.290 случаи, потоа Мексико – 424.637 и Перу со 407.492 инфицирани лица.

СЗО: За еден ден рекордни 262.929 новозаболени од Ковид-19 во светот

Светска здравствена организација (СЗО) синоќа соопшти дека во изминатите 24 часа потврдени...

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, веројатно е дека ќе се обнови и продолжи друга министерска одлука што се однесува на забрана за влез во Грција на државјани од трети земји, а ќе важи во следните две седмици.

НИШТО ОД ПАТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА: Границите затворени до 15 август

Одлуката на Грција за привремено ограничување на сите авионски, железнички и копнени...

Лекарот и професор за инфективни болести Бјорн Олсен рече дека Шведска би можела да избегне многу негативни последици доколку беа превземени посилни рестрикции многу порано, вклучително и карантин за патниците кои се враќаат во земјата, претходна блокада и препорака да се носат маски.

КАКОВ ШВЕДСКИ МОДЕЛ, СЕТО ТОА Е ИЗМИСЛЕНО ОД СЕКТА: Познат доктор открива зошто во оваа земја има најголем број на смртни случаи од Ковид-19 !

Еден од најгласните критичари на Шведска за националната стратегија за борба против...