
Свет
Вести
Владимир Путин има и рак и симптоми на Паркинсонова болест, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на одредени политички аналитичари.
На почетокот на овој месец, рускиот научник и историчар Валери Словеј тврдеше дека претседателот Путин е сериозно болен и дека во февруари бил подложен на итна операција за рак.
Покрај тоа, тој рече дека, наводно, Путин ќе се повлече од власта следната година поради здравствени проблеми.
“Кога станува збор за втората дијагноза, Паркинсоновата болест е далеку посериозна бидејќи не влијае многу на физичката состојба, но ги ограничува јавните настапи. Тоа е фатална дијагноза”, рече научникот додавајќи дека тој не е лекар и не може да даде прецизни детали.
Според извештаите на медиумите, други извори од Русија навеле дека Путин бил опериран од рак на желудник.
Кремељ ги демантираше сите овие тврдења, велејќи дека Путин се чувствува многу добро. Дури и ако Путин наскоро се повлече од функцијата претседател, прашањето е кој би бил достоен замена.
Поранешниот претседател Дмитриј Медведев и министерот за земјоделство Дмитриј Патрушев се сериозни кандидати, а се шпекулира дека голема улога на чело на државата може да има и ќерката на Путин, Катерина Тихонова.
Да потсетиме, пред неколку дена се појави видео на кое се гледа како Путин има напад на кашлица за време на видео состанок, а Кремељ мораше да реагира, велејќи дека претседателот се чувствува одлично.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.