Иако Штипска апелација ја потврди пресудата на Основниот суд и затворската казна од по две и пол години е правосилна, осудените Стефан и Пепи на слобода ќе останат уште два месеци, пренесе Алфа.

Објавил: Стојче Бушин | 7 јули, 2020 9:19

Пуштени дома насилниците кои претепаа девојка во Штип

Фото/Текст извор: ©Алфа

На двајцата насилници, кои во јануари брутално претепаа 22 годишна девојка и притоа го снимаа монструозниот чин, им заврши притворот и се отпуштени од кумановскиот затвор.

Иако Штипска апелација ја потврди пресудата на Основниот суд и затворската казна од по две и пол години е правосилна, осудените Стефан и Пепи на слобода ќе останат уште два месеци, пренесе Алфа.

За издржување казна затвор треба да се јават после први септември, бидејќи со владина Уредба поради корона кризата е пролонгирано издржувањето на затворски казни до три години, освен за предметите за кои постои опасност од застарување, информираат од Судот за извршување на санкции во Штип.

Мерката притвор определена против двајцата обвинети е продолжена до правосилноста на пресудата, но најдолго шеесет дена од изрекувањето на пресудата на истата како максимален период согласно законот, поради што осудените се отпуштени од Затвор Куманово на 30 јуни, информираат од Судот за извршување на санкции во Штип.

Одбраната на девојката меѓутоа тврди дека постои реална опасност насилниците да и се закануваат и да ги прекршат изречените правосилни времени мерки за заштита од насилство, со што ќе сторат уште едно кривично дело.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи треба да биде сигурен дека нашите образовни институции имаат капацитети и ресурси

Героски: Не експериментирајте со здравјето на нашите деца, нема да ви биде простено!

Сигурен сум дека нема родител на дете на училишна возраст којшто не сака неговото најмило...

Организатор на маратонот е пливачки Клуб ВАРДАР 2018, а воедно ова е првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” и натпревар организиран во Крушево.

Во недела во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“

На 9-ти август во 11 часот на Крушевско Езеро за прв пат ќе се одржи маратон во пливање....

ОНА командантот имаше приложено психијатриска потврда до надлежните од инвалидската служба во Луцерн, која потврдуваше работна неспособност, поради боледување од параноидна шизофренија. Истата е потврдена и од Швајцарскиот суд.

Ахмети во Швајцарија примал инвалидска пензија за параноидна шизофренија?

Имено се до моментот кога отпатува на македонскиот фронт 2000-та година, иако се смета...