Плагијатот „Боже“ на Јутјуб во моментов има скоро 120 илјади прегледи.

Објавил: Сара Фемина | 20 јули, 2019 1:09

ПЉАЧКА НА ВЕКОТ: Русите украдоа песна од ТОШЕ ПРОЕСКИ(видео)

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Руската рок-група „Землене“ направи своја верзија на песната од нашата најголема музичка звезда на сите времиња, Тоше Проески „Боже чувај ја од зло“, но во јавноста ја претставува како своја авторска песна под името „Боже“.

На украдената песна како автори се појавуваат имињата на Владимир Киселев и Владимир Трушин. Киселев се пишал како автор на песната, а Трушин си ја присвоил музиката.

На Јутуб плагијатот „Боже“ од Руската рок група, во моментов има скоро 120 илјади прегледи.

Во ред, ја украдовте песната на Тоше, но вашето пеење е катастрофално и треба да се срамите што сте го ставиле вашето име и глас преку она на македонскиот пејач“, „можевте да споменете дека песната е на Тоше Проески“, „вие сте крадци и ги прекршувате авторските права“ и „засрамете се што ја украдовте и уништивте песната на Тоше“ се само дел од коментарите кои обожавателите на починатата легенда на македонската и балканската музика ги упатија кон рускиот бенд на Јутјуб.

Песната „Боже чувај ја од зло“ е дел од последниот албум на Тоше Проески, „Игри без граници“, издаден 2007 година. Албумот беше издаден на македонски и српскохрватски јазик. Музиката за песната ја направи Миро Буљан, а оригиналниот текст го напиша Антонија Шола. Препевот на македонски јазик е на Владо Јаневски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во 16 – те аудио записи кои се појавија на „Ју Тјуб“ се слуша глас кој наликува на сведокот во „Рекет“, Камчев, а се споменува името и на Мијалков, кој му е долгогодишен бизнис-ортак. Лани, Камчев од Шутка излезе на 27 декември, а преку „Рекет“ се откри дека за тоа платил 1,5 милиони евра кај Боки 13, Зоран Кичеец и Катица Јанева. Мијалков излезе од притвор два дена подоцна. Денеска Алсат го праша:

И Мијалков се огласи по БОМБИТЕ: Не му дадов пари на Боки 13 за да излезе од Шутка!

Откако во јавноста осамнаа таканаречените бомби за случајот Рекет се огласи и поранешниот...

Заев потенцира дека препораките на Венециојанската комисија во однос на судските постапки може да се имплементираат преку измени на Законот за кривична постапка и Законот за судови, кои се носат со дво-третинско мнозинсвто. Какви измени ќе претрпат овие законски решение ќе утврдува посеба комисија до крајот на недекава.

Законот за јазиците нема да се менува, „Венецијанска“ ќе се спроведе преку измени во други закони

Препораките на Венецијанската комисија ќе се имплементираат без да се менува Законот...

Охриѓанката Јана не издржа да се соберат потребните средства за лекување  во Барселона кои се собираа повеќе од два месеци.

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Јана Арсовска- не издржа да се соберат парите за лекување

По четири години битка со  ракот храброто срце на Јана Арсовска денеска престана...