
Свет
Џет Сет
Српските пејачи и познати личности некогаш беа на мета на разбојници! Една од најголемите разбојништва му се случи на Саша Поповиќ пред три години, кога од неговата вила на Бежанијска коса беа украдени часовници во вредност од сто илјади евра и пиштол.
Сопругата на Саша, Сузана Јовановиќ ја забележала кражбата кога видела дека влезната врата е отворена.
Влегла во куќата, но на приземјето не забележала нешто што било преместено и фрлено, па се качила во спалната соба, каде што бил нивниот сеф, каде чувале бурми, накит и скапи часовници.
Делот каде што беше сефот беше празен, па Сузана повикала полиција. Јовановиќ рече дека во сефот имало пет ланци од бело и жолто злато, осум или девет дукати исто така од бело и жолто злато, дијаманти, приврзоци, осум „ролекси“.
Исчезнал и пиштолот на Саша, за кој тој имал соодветна дозвола и кутии со куршуми. Вредноста на сè е околу сто илјади евра.
Исто така пејачот Радиша Трајковиќ Џани, беше брутално претепан во 2016 година пред неговата куќа во Миријево.
Тој излегувал од дворот за да го паркира својот автомобил кога двајца непознати мажи го чекале зад портата и го нападнале со намера да го ограбат.
Најпрво му ја искршиле раката и го собориле на земја, а потоа го клоцале во стомакот и го удирале во главата.
Џани немал можност да се одбрани, а крадците избегале со неговиот часовник вреден околу 2.000 евра.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.