Пандов, ги повика сите граѓани да се придржат на протестите и заедно да порачаат дека во Македонија живеат Македонци.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 септември, 2020 20:25

Пaндов: Мафијашот Заев го продава Делчев, ние како Македонци мора да го спречиме тоа!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ,претседателот на Партискиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов се обрати пред јавноста велејќи дека е особено горд на тоа што е Македонец, а како што вели уште погорд е затоа што и Гоце Делчев бил Македонец, кој како што истакна власта сака да го продаде.

„За жал во Република Македонија на власт е мафија, мафијаши кои не ценат ништо и ништо не им е свето. Истите тие решени се да го продадат и најсветото, да го продадат Гоце Делчев“.Ние, како Македонци сме сега повикани да го спречиме да го направат тоа, меѓутоа сите вас сакам да ве предупредам ниту ВМРО, ниту Христијан Мицкоски, ниту Александар, ниту било кој од нас тука,  не можеме тоа сами да го направиме. Единствениот начин како можеме да ги спречиме е да излезе народот, многу народ на македонските улици, во македонските села и градови, сплотени и единствени. Само така и никако поинаку можеме да покажеме и докажеме дека тука, во Република Македонија живее народ чесен и достоинствен, народ кој говори на Македонски, народ кој што пишува на Македонски, народ кој што се идентификува како Македонци, посочи Пандов.

Пандов, ги повика сите граѓани да се придржат на протестите и заедно да порачаат дека во Македонија живеат Македонци.

-Затоа повикувам, не само вечерва туку и во сите наредни протести кои што ќе ги организира ВМРО да излеземе уште помасовно, подостоинствено и јасно и гласно да кажеме дека ние сме Македонци и живееме во Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Македонците со престој во Германија се жалат на услугите на македонската амбасада и преку отворено писмо апелираат за подобрување на услугите во дипломатско-конзулантните преставништа на Македонија во Германија!

Македонците со престој во Германија се жалат на услугите на македонската амбасада

Македонците со престој во Германија се жалат на услугите на македонската амбасада...

Македонскиот и бугарскиот премиер денеска телефонски разговараа за повеќе теми од соработката меѓу двете земји, како и за организирањето на посетата на Зоран Заев на Бугарија!

Борисов до Заев: Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Македонија

Македонскиот и бугарскиот премиер денеска телефонски разговараа за повеќе теми од...