Лукаревска информираше дека УЈП и ДИТ уште во декември 2020 почнаа со координирани контроли кај овие даночни обврзници при што како критериум бил земен износот на добиена финансиска поддршка, бројот на вработени, обврзници кои немаат исплатено плата повеќе од еден месец и обврзници за кои се добиени пријави за неправилности во однос на исплата на плата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 февруари, 2021 10:59

Работодавачи не исплатиле плати, а земале финансиска поддршка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска на прес-конференција информираа за заедничките контроли што ги спроведоа УЈП и ДИТ врз работодавачи на кои им била исплатена финансиска поддршка за исплата на плати и истите не ја префрлиле на сметката на работниците за исплата на плати.

Лукаревска информираше дека УЈП и ДИТ уште во декември 2020 почнаа со координирани контроли кај овие даночни обврзници при што како критериум бил земен износот на добиена финансиска поддршка, бројот на вработени, обврзници кои немаат исплатено плата повеќе од еден месец и обврзници за кои се добиени пријави за неправилности во однос на исплата на плата.

УЈП изврши контроли кај 60 даночни обврзници од дејностите : подготовка на оброци и служење на храна, изградба на згради, копнен транспорт и цевоводен транспорт, објекти за сместување, производствена дејност, трговија на мало, туристички агенции, градежништво итн.

Од спроведените контроли УЈП утврди дека кај 16 даночни обврзници е констатирано неисполнување на условот за добивање на финансиска поддршка во однос на намалување на приходите за одредени месеци, кај седум даночни обврзници е намален бројот на вработени по месецот во кои е одобрена финансиска поддршка, од кои еден даночен обврзник веќе имал извршено враќање на добиената финансиска поддршка, кај двајца даночни обврзници е констатирано неисполнување на условот за добивање на финансиска поддршка во однос на намалување на приходот и по однос на намалување на вработените кое е поголемо од предвиденото во Уредбата и Законот.

Лукаревска посочи дека работодавачите имаат обврска согласно уредбата, т.е. законот да ги вратат добиените финансиски средства во целост, заедно со камата согласно со Законот за даночната постапка, доколку по извршена контрола од страна на УЈП и/или ДИТ се утврди дека не ги исполниле пропишаните условите. Работодавачот – корисник на финансиска поддршка кој дал Изјава за исполнетоста на условите за користење на финансиска поддршка, а не ги исполнил условите, ќе се применуваат одредбите од Кривичниот законик.

Управата за јавни приходи соработува со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, со цел нивно понатамошно постапување, односно покренување на кривична постапка. Кај двајца даночни обврзници, УЈП се соочува со несоработка од страна на обврзникот и одговорните лица, поради што постапката е насочена до Управата за финансиска полиција. Кај истите овие обврзници, спроведени се контроли од страна на ДИТ за неисплатени плати на работниците.

Лукаревска рече и дека кај 11 даночни обврзници од текстилната и чевларска индустрија, како и обврзници кои се занимаваат со продажба на кондиторски производи во тек е спроведување на насочени контроли по основ на данок на добивка, ДДВ и данок на личен доход, поради утврдени одредени отстапувања во податоците од даночните пријави и годишната сметка. Контролите на даноци се спроведуваат за изминатите пет години.

Директорката повторно го потенцираше механизмот на УЈП односно присилната наплата, како и контролниот механизам, вклучувајќи ги и координираните контроли со ДИТ и дојавата до други надлежни институции, се во насока на враќање на средствата од злоупотребата на државна помош и изрекување на казни за сторителите т.е. управителите за сторените злоупотреби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ, наведува Шекеринска, не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен.

ПОТПОЛКОВНИКОТ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ, СОСТОЈБАТА МУ Е ДОБРА

Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во...

“Фокус” вчера објави дека постои сомнеж дека војникот е заразен со африканскиот сој на Ковид-19. Според досегашните информации африканскиот сој е еден од најразорните соеви досега.

Заразениот војник од Африка вечерва пристигнува во Скопје

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес-конференција соопшти...