Договорот за пријателство од 2017 година и Рамковната позиција на Народното собрание на Бугарија сепак се посочија како два документа на кои ќе се заснова и натаму бугарската политика и позиција кон Македонија.

Објавил: Владо Марин | 11 јануари, 2022 5:43

Радев: Албанија треба да ги почне преговорите и да не ја чека Македонија

Фото/Текст извор: ©фокус

Четири години по потпишувањето на договорот од 2017 година, Република Македонија не го направила тоа што е потребно за негово спроведување, но исто така не ни гарантирала исполнување на обврските, оцени  претседателот на Бугарија, Румен Радев, по речиси петчасовната седница на Консултативниот совет за национална безбедност.

Како главно, тој порача дека давањето согласност за почнувањето на преговори за Северна Македонија со ЕУ не треба да се врзува со рокови туку со реални остварувања, вклучувајќи ги правата на македонските Бугари.

Откако повтори дека Бугарија има стратегиски интерес да се шири ЕУ во регионот и дека прва ја признала независноста на Македонија, тој додаде дека Софија не го одрекува правото на македонските граѓани да се самодекларираат и нарекуваат како што сакаат, но инсистира на целосна рамноправност на македонските Бугари со останатите граѓани во државата.

Според него повеќедецениската дискриминација на македонските Бугари во нашата држава  ескалирала со јавни напади на граѓани што се декларираат така, нагласувајќи дека нивните права се клучен елемент од Копенхашките критериуми и тие, како што рече,  не можат да бидат предмет на преговори.

Од особено значање, нагласи тој, се проектите кои обезбедуваат транспортно, дигитално и енергетско поврзување, издојувајќи го како осбено важен Коридорот 8. Тие проекти, според оценката на сите на состанокот, ќе помогнат да се надмине застојот во односите  меѓу двете држави, да се врати меѓусебмата доверба  и да се поттурнат преговорите. Оценувајќи ги генерално преговорите досега, учесниците на Советот за национална безбедност нагласиле дека во некои обкласти се оцртува можност за постигнување согласност.

На крајот тој ја повтори бугарската позиција дека на Албанија треба да и се дозволи да ги почне преговорите и да не ја чека Македонија.

Сето ова е дел од документот што бил договорен на состанокот и во кој се внесени следните предлози: извршната власт да подготви план за дејстување со мерки за напредок во преговорите во сите области, да се формираат групи за сите области , да се утврдат мерки за изградба на Коридорот 8 во целина, а Народното собрание на Бугарија да му предложи на македонскиот Парламент структуиран дијалог кој ќе го помогне целиот процес. Практично по петчасовно заседавање беше официјализирана идејата на премиерот Кирил Петков за проширување на преговорите во повеќе области и од сите прашања со кои не заморуваше Софија со месеци од историјата, фокусот се стави на правата на Бугарите во Македонија како единствена тема разбирлива за Брисел.

Договорот за пријателство од 2017 година и Рамковната позиција на Народното собрание на Бугарија сепак се посочија како два документа на кои ќе се заснова и натаму бугарската политика и позиција кон Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

– Лошата работа е што нашиот премиер како историска писменост е нула, како тим што може да го советува е две нули. Не можете да отидете и да кажете дека во Бугарија имало фашистички режим, но Бугарите не биле фашисти. Тој мораше да им одговори: „Господа, немаше фашизам во Бугарија и тоа е научно докажано и треба да ставите крај на овие југословенски и советски клишеа“ – инсистира Каракачанов.

Тој е скептичен дека новите идеи на Петков и на неговата влада ќе дадат резултат.

– Не можете да се откажете од идентитетот, од фактот дека во Скопје се води политика на говор на омраза. Што значи да успееме? Да клекнеме пред тврдењата на Македонците или да ги направиме нормални европски граѓани. Во наш интерес е да се однесуваме како суверена држава, а не како никаквеци и да се однесуваме како луѓе кои ги бранат интересите на Бугарија – рече Каракачанов.

Каракачанов: МАКЕДОНЦИТЕ СТРАДААТ ОД СОПСТВЕНАТА ГЛУПОСТ

Лошата работа е што нашиот премиер како историска писменост е нула, како тим што може...

Директорот на компанијата Иван Лончаревиќ рече дека инвестицијата е реализирана во јули 2020 година, но одби да каже колкава била нејзината вредност, пишува Ројтерс. Квантбиорес вработува 11 научници во Данска, Австралија и Словенија, а примарната цел ѝ е да развие лек за ковид, а не вакцина, рече Лончаревиќ.

Компанијата развива пептид што спречува коронавирусот да ги заразува човечките клетки и очекува клиничкото тестирање да почне во Велика Британија ова лето, рече Лончаревиќ.

Ѓоковиќ купи компанија која бара лек за коронавирус

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, купи 80 отсто од данската биотехнолошка...

За лицата кои не биле заразени со Ковид и не се вакцинирани, следува мерката за 10-дневен карантин, при што можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за Ковид 19. Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои сепак карантинот им се прекинува по пет дена, информира Министерството за надворешни работи.

Македонија повторно се најде на германската листа на ризични земји

Заради ситуацијата со пандемијата на ковид-19, Германија ја врати Македонија на листата...