Тој на денешната средба истакна дека Софија ја поддржува нашата земја во евроинтергративните процеси.

Објавил: Весна Петровска | 12 мај, 2019 19:34

Радев го покани Пендаровски во Софија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во македонското Собрание на инугурацијата на Стево Пендаровски покрај српскиот претседател беше и бугарскиот Румен Радев.

Тој на денешната средба истакна дека Софија ја поддржува нашата земја во евроинтергративните процеси.

– Давам категорична и силна поддршка за европската политика на Северна Македонија. Треба да и помагаме да ги исполни условите за влез во Европската Унија, изјави Радев во Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Како што пренесува МИА, Радев беше првиот со кој новиот претседател Пендаровски имаше тет-а-тет средба веднаш откако стапи на претседателкста функција.

Шефот на бугарската држава додаде дека го поканил претседателот Пендаровски да ја посети Бугарија и тој ја прифатил неговата покана.

– Дијалогот со Пендаровски продолжува. Северна Македонија ни е најблиската држава. И двајцата се заложивме работата во врска со договорот за добрососедство да продолжи, рече Радев.

Новиот претседател Стево Пендаровски од денеска официјално во следните пет години ќе ја  претставува земјата на меѓународната политичка сцена, а своите права и должности ќе ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести