Полицијата го започна увидот по експлозијата на бомба во двор во скопска Ќерамидница.
Пристапот е ограничен, а екипи од повеќе полициски единици се на терен и вршат увид. Околните жители велат дека експлозијата била многу силна и страшна.
-Првично помислив дека можеби е нешто во топланата, но потоа се утврди дека станува збор за фрлена бомба, вели еден од соседите.
Од полицијата претходно информираа дека пријавата за експлозијата ја добиле во 09:20 часот.
Ова е трет обид за убиство кон Раде Трајковски Штекли. Минатата година, во период од два месеци Штекли беше мета на напади во трговскиот центар Ист Гејт. Во еден од нападите беше погоден со пет куршуми.
-Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Минатата среда, на мрежата „Тикток“ било објавено видео со порака дека ќе има бомба и експлозија кај „Ист гејт“. Токму на оваа локација живее Раде Трајковски-Штекли, во чиј дом, беше фрлена експлозивна направа токму утрово. Снимката со најава е објавено точно осум дена пред денешната експлозија од профил со име „радештекли26“.
„Скопје, Керамидница, карши Ист Гејт! Стиже катаклизма, љуби те брат“, стои во натписот на видеото.
„Ова е доказ дека бандите си хараат и денеска. Добро е што немаме жртви во кривично правниот настан, и ситуацијата со повредениот не е животно загрожувачка. “, рече министерот Панче Тошковски на новинарско прашање за нападот на Штекли.
„Во изминатите неколку години институционално беа засилени одредени криминални групи во Скопје и другите градови, на кои им се прогледуваше низ прсти и им беше овозможувано да работат спротивно на законот, а Јавното Обвинителството отвори постапка за злоупотреба во
рамки на институциите, односно за полициски службеници кои оддавале информации и злоупотребувале во интерес на криминалците“, изјави Тошковски најавувајќи војна против
криминалците.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.