Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска наполни 50 години.

Шекеринска не ги крие годините, напротив, вели дека се прекрасен подарок, а најмалку од се само бројка.

Објавил: admin@magazin | 12 јуни, 2022 9:47

Радмила Шекеринска наполни 50 години

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска наполни 50 години. Шекеринска не ги крие годините, напротив, вели дека се прекрасен подарок, а најмалку од се само бројка.

Колку пати сте го чуле она “Годините се само бројка”?

Никогаш не ми се допаѓала таа теза. Само бројка? Не.

За мене годините се многу бројки: бројот на родендени, но и бројот на прекрасни денови, сумата на сите тажни мигови, збирот на сите победи и порази, интензитетот на најголемата радост и длабочината на најголемото разочарување, секое воодушевувачко изгрејсонце и спектакуларен залез, избројаните секунди на среќа без повод, просекот на насмевки и солзи… и морето пријателства, убави желби, грижи и љубов.
Ви благодарам што денес тоа море и тие бројки ги подигнавте до небеса… и простете ако не стигнам на сите да одговорам.

Единствено што посакувам е во вторите 50 (скромно, нели 😉) да бидеме здрави, среќни и “на купче”.
Со сите вас, годините се прекрасен подарок, напиша Шеќеринска на фејсбук!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Покојниот командант на паравоените сили во емисијата „Минимакс“ емитувана во 1996 година откри како го добил својот надимак.

Конечно откриено: Еве како Жељко Ражнатовиќ го добил прекарот Аркан!

Веројатно многу пати сте се прашувале зошто Жељко Ражнатовиќ го викале Аркан? –...

селото Радожда е прекрасно место за сите кои бараат природна убавина, мир и опуштање, како и за оние кои бараат да истражат културата и историјата на Македонија.

Радожда – село со нај широк поглед на Охридско Езеро, рибни ресторани, пештерска црква и мир и спокој

Радожда е  едно од најубавите места во Македонија, каде што секој оној кој сака...