Македонија
Вести
Радмила Шеќеринска е избрана за Потпретседател на Партијата на европски социјалисти и прва жена што ќе биде на чело на таа функција од земја што има кандидатски статус за ЕУ.
Поранешната министерка за одбрана беше во Берлин каде и се одржа Конгресот на партијата на европските социјалисти и оствари средби со значајни светски политички претставници.
По тој повод напиша и на Фејсбук:
ЕУ мора да покаже дека проширувањето е живо и носи кон членство. Благодарност до ФЕПС (Фондација за европски прогресивни студии) што ја вклучи темата на Конгресот на ПЕС. Проширување версус продлабочување е лажна дилема: за да бидат успешни, потребни се и двете!
На конгресот на Партијата на европски социјалисти во Берлин долгогодишниот премиер на Шведска и лидер на тамошните социјалдемократи Стефан Ловен е избран за нов претседател на ПЕС.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.