Имено станува збор за најнова вест, дека договорена е соработка на повеќе компании и бизнисмени, кои во иднина ќе бидат дел од македонскиот ракометен бренд кој беше европски првак, и за среќа во целата акција се вклучија домашните моќници.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 мај, 2019 16:06

Радосна вест за фановите на Вардар- Сергеј Самсоненко останува во клубот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако пред извесно време беше објавено дека првиот човек на Ракометниот клуб Вардар си заминува, и беше отворена жиро сметка за спас на клубот, сепак се чини дека македонскиот првак ќе остане на здрави нозе.

Имено станува збор за најнова вест, дека договорена е соработка на повеќе компании и бизнисмени, кои во иднина ќе бидат дел од македонскиот ракометен бренд кој беше европски првак, и за среќа во целата акција се вклучија домашните моќници.

Вардар е единствен клуб со три титули по ред и со седум настапи во финалето на осумте досегашни Ф4 турнири

Според информациите до кои дојде порталот ГОЛ.МК, сепак поранешниот прв човек на Вардар, Сергеј Самсоненко според најавите ќе остане мнозински сопственик на РК Вардар и ќе продолжи да биде како инвеститор во тимот, но прв човек ќе биде Михајло Михајловски, а во финансирањето, Русинот ќе има голема помош од домашни компании, кои веќе го потврдија своето учество во клубот.

Како што пишува порталот се уште се чека одговор за креирањето на финансиската конструкција, на уште една голема компанија, чие име засега не се открива, а треба да даде инвестира околу еден милион евра за клубот.

Веќе е договорен состанок на сите страни, на кој, наводно, на играчите ќе им биде соопштено дека нема да треба да бараат нови клубови и дека и во наредната сезона тимот ќе остане ист и ќе атакува на истата цел, а тоа е место меѓу најдобрите четири во Лигата на шампионите, пишува Гол.мк.

Инаку Русинот, Самсоненко е прв човек на РК Вардар од 2014 година, а тимот со него како инвеститор оствари големи успеси за македонскиот ракомет. 

ИЗВОР: ГОЛ.МК

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.