Интензивно е спроведувана и физикалан терапија за подобрување на моториката и воопшто на циркулацијата низ целото тело, по што Бисера беше се повесела и се повеќе се гледаше насмевка на нејзиното лице.

Објавил: Стојче Бушин | 24 април, 2020 22:26

РАДОСНА ВЕСТ: Малата Бисера успешно закрепнува на Клиниката Жан Митрев!

Фото/Текст извор: ©Medicinaizdravje.org

Бисера е доенче старо 6 месеци со повреќекратен престој на Клиниката за Детски болести, и еден претходен престој во нашата клиника поради оклузија на десната брахиална артерија пропратено со некроза надисталните фаланги на вториот и третиот прст десно.

При овој прием Бисера дојде, хипотрофична, хипотонична, вознемирена, со намеалено поткожно ткиво (тенка кожа) со бројни хематоми од претходни боцкања.

Бисера отежнато дишеше и имаше изразен интеркостален тираж. Психо-моторниот развој кој многу заостануваше за нејзината возрас од 6 месеци.

Бисера имаше и пареза на левата рака. На приемот кај нас Бисера тежеше 2920 грама – вели доктор Ѓорѓи Филев, педијатар во Zan Mitrev Clinic.

По првичните обемни лабораториски, микробиолошки и имиџинг иследувања почнавме Бисера да ја храниме со хиперкалориска и антирефлуксна формула во почеток со помали дози кои постапно се зголемуваа. Ја храневме преку назогастрична сонда затоа што Бисера го имаше изгубен рефлексот за цицање.

Хроничниот белодробен наод е лекуван со инхалации со бронходилататори кој Бисера добро ги поднесе и во тек на следните денови постапно со подобрувањето на дишењето се намалуваше кислородната подршката.

По добивањето на позитивните микробиолошки наод од грлото и хемокултурата кај Бисера е вклуичена и антибиотска тепија надополнета и со пробиотик за да не се наруши природната цревна флора.

Интензивно е спроведувана и физикалан терапија за подобрување на моториката и воопшто на циркулацијата низ целото тело, по што Бисера беше се повесела и се повеќе се гледаше насмевка на нејзиното лице.

Во овој краток период во нашата клиника на наше огромно задоволство можеме да информираме дека Бисера ја зголеми својата телесна тежина од 2920 грама на 4000 грама.

Сепак, и покрај позитивниот резултат во психо-моторната и здравствена состојба кај Бисера престои уште терапевски процедури кој треба да се спроведат за да може целосно да се излекува.

Максимално ќе се грижиме и понатаму за овој наш мал пациент за што ќе ја информираме јавноста, пренесуваат од Клиниката Жан Митрев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Поради Ковид-19 инфектолозите станаа најбарани лекари, но кичевската болница не располага со ниту еден инфектолог!

Заразен оџа, затворени 8 џамии во градот – болницата во Кичево тешко се справува со ковид-19

Болницата во Кичево со години се соочува со разни проблеми. Во последно време е забележан...

Иван е во добра здравствена состојба и по препораките на доктор Митрев веќе се подготвува за отпуст од болницата и понатамошно лекување и нега во својот дом.

(ВИДЕО) Жан Митрев го посети Иван Огњановски, пациентот на кој му беше направена првата трансплантација на срце во државава

Доктор Жан Митрев денеска го посети Иван Огњановски, пациентот на кој му беше направена...

Со цел непречено функционирање на клиниката во услови на пандемија од коронавирусот, се применуваат посебни мерки за заштита и во таа насока поставени се нови шалтери за прием на пациенти, како и нови столчиња во чекалната на пациентите.

На детска клиника комплетно се реновирани амбулантскиот дел, Ургентниот центар и чекалната

Амбуланскиот дел е целосно обновен со нова опрема, извршени се бројни градежни зафати,...

Соседната мутација му даде на вирусот многу поголем број на надворешни протеински „шила“, што му овозможува да ги достигне клетките, тврдат американски научници.

ОД ОВА СЕ ПЛАШЕВМЕ: Корона вирусот мутирал и постанал уште повеќе ЗАРАЗЕН, тврдат научниците!

Серија лабораториски експерименти спроведени од американски истражувачи укажуваат...