Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (63г), примен на болничко лекување на 6-ти мај како сомнителен на ковид, потврден позитивен еден ден подоцна.

Објавил: Стојче Бушин | 23 мај, 2020 14:12

РАДОСНА ВЕСТ: Регистрирани 24 оздравени пациенти

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти.

– Скопје 4
– Куманово 3
– Прилеп 5
– Тетово 6
– Велес 4
– Битола 2

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (63г), примен на болничко лекување на 6-ти мај како сомнителен на ковид, потврден позитивен еден ден подоцна.

Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во:

– Скопје 16
– Куманово 2
– Прилеп 2

Досега во земјата се направени вкупно 24.762 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 355 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на КОВИД-19.

Досега со скринингот направени се 2.060 тестирања на КОВИД-19, а регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1941, бројката на оздравени пациенти е 1411, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Досега во земјата се направени вкупно 29575 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.

ПОЧИНАА ДВЕ ЛИЦА: За едно деноноќие 62-ца заразени од КОВИД-19 во Македонија!

Во последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани 62 нови случаи на ковид-19. –...

Затоа уште еднаш апелирам, да се воздржиме од групирање и да одржуваме дистанца, да сме внимателни и да носиме заштитна опрема и да се грижиме за личната хигиена!

ФИЛИПЧЕ: Не можеме вечно да живееме во карантин!

Од почетокот на кризата со коронавирусот, на секој јавен настап повторувам една работа...

Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на ковид-19.

НОВИ СМРТНИ СЛУЧАИ ВО МАКЕДОНИЈА: 35 нови случаи на ковид-19!

Во последните 24 часа направени се 1120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на ковид-19. –...

Ова е значајно зајакнување на капацитетите за справување со вирусот, имајќи предвид дека ваква респираторна поддршка е потребна за една сериозна група заболени лица.

УНИЦЕФ донира на Македонија најнова генерација на 7 респиратори кои служат за инвазивна и неинвазивна терапијa!

Денеска ја примивме донацијата која беше обезбедена од страна на УНИЦЕФ – најнова...