Македонската одбојкарска репрезентација вечерва обезбеди историски пласман на Европското првенство.

Објавил: Перо Милчин | 9 јануари, 2019 22:16

РАДУВАЈ СЕ МАКЕДОНИЈО : Македонските одбојкари за прв пат во историјата се пласираа на Европско Првенство

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Македонската одбојкарска репрезентација испиша голема историја, откако вечерва за прв пат во историјата обезбеди пласман на завршницата на Европското првенство.

Во пресрет на дуелите од последната квалификациска рунда црвено-жолтите беа во многу тешка позиција, сепак нашите херои извојуваа победа и обезбедија пласман на Европското првенство.

Нашите одбојкари беа предводени Никола Ѓорѓиев, но тие не ја испуштија шансата, па мечот против Унгарија,го добија со максимални 3:0 по сетови 25-21, 25-20 и 25-21.

Сонот на сите генерации наназад конечно се оствари, па одбојкарите конечно ќе имаат можност да се надигруваат со најдобрите европски селекции.
31-то Европско одбојкарско првенство ќе се одржува во четири земји, Словенија, Холандија, Белгија и Франција каде ќе се игра и завршницата, а во периодот од 13 до 29 септември.

Ова е прв пласман на оваа репрезентација на Европско првенство, од нејзините почетоци во 1994 година.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Улиците по кои ќе се движи претседателот ќе бидат затворени, шахтите заварени, а на зградите ќе има руски снајперисти, додека граѓаните ќе им биде наредено да не излегуваат на терасите,

Путин пристигнува во Србија со 250 руски обезбедувачи и снајперисти

Улиците по кои ќе поминува Рускиот претседател ќе бидат затворени, шахтите заварени,...

Сонот на сите генерации наназад конечно се оствари, па одбојкарите конечно ќе имаат можност да се надигруваат со најдобрите европски селекции.

Вчера ечеше “МАКЕДОНИЈО ТИ СИ БИСЕР БАЛКАНСКИ”

Македонската одбојкарска репрезентација дочека да игра на Европско првенство. Со...