„Ќе земам некое време за одмор и за рекуперација пред да дадам поопширен коментар на оваа тема. Силно сум разочаран од одлуката на судот“, изјави Ѓоковиќ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 јануари, 2022 9:08

РАЗОЧАРАН СУМ ПРЕМНОГУ: Еве што рече Новак по одлуката на Австралискиот суд

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ѓоковиќ требаше утре да го почне настапот на Австралијан опен, првиот гренд слем во годината, но сега веќе нема да може да ја брани титулата.

Федералниот суд на Австралија со гласање 3-0 на судиите реши да ја одбие жалбата на најдобриот светски тенисер за одземање на влезната виза, што значи дека тој во најкус можен рок мора да ја напушти државата.

„Ќе земам некое време за одмор и за рекуперација пред да дадам поопширен коментар на оваа тема. Силно сум разочаран од одлуката на судот“, изјави Ѓоковиќ.

Засрамен сум што последните неколку недели целото внимание беше насочено кон мене и се надевам дека сега ќе можеме да се фокусираме на натпреварите и турнирот што го сакам. Би сакал да им посакам успешен турнир на играчите, натпреварувачките работници, волонтерите и навивачите ширум светот.

И, сакам да им се заблагодарам на моето семејство, пријателите, тимот, навивачите и сонародниците за нивната постојана поддршка. Тоа ми даде многу сила, се вели во првичната реакција на Ѓоковиќ по одлуката за негова депортација од Австралија.

Малтретирањето на Србинот во Мелбурн започна на 5 јануари по пристигнувањето за да учествува на Австралија опен, кој започнува утре, 17 јануари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Организацијата со седиште во Париз предвидува светскиот раст да биде скромни 3% оваа година, пред дополнително да забави на само 2,2% следната година, што претставува околу 2,8 трилиони долари изгубено глобално производство во 2023 година.

ОЕЦД: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ЌЕ ЈА ЗАГРОЗУВА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА И ВО 2023 ГОДИНА

Војната на Русија во Украина и долготрајните ефекти од пандемијата Ковид-19 го намалуваат...

Тој посочи дека САД не знаат точно што се подразбира под договорот што Србија го потпиша во Њујорк со таа земја и оти очекуваат во наредниот период да добијат појаснување за потпишаниот документ

САД до Србија: Објаснете што потпишавте со Русија во Њујорк

Американскиот амбасадор Кристофер Хил изјави дека никој во овој момент не смее да...

Ѓукановиќ, зборувајќи на свеченост на подмладокот на ДПС во Плевља, кажа дека таа влада ќе продолжи да ја води Црна Гора по патот на изградба на граѓанска држава, унапредување на меѓунационалните и меѓуверските односи и преку достигнување на европските системи на вредности.

Ѓукановиќ: Време е за нови избори

Претседателот на Црна Гора и лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС)...

Слична е ситуацијата и во Британија, па минатата недела курсот на фунтата потона за повеќе од 3 отсто, на 1,0840 долари, најниско ниво во последните 37 години.

Еврото нагло падна – далеку e под еден долар

НА ГЛОБАЛНИТЕ пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути силно порасна...