Македонија
Вести
Собранието ја разреши министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. По речиси шест часовна расправа во десетина минути пред 4 часот, пратениците со 62 гласа „за“ и 26 „против“ ја разрешија министерката. Таа по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, на 3 јануари годинава стана дел од техничката влада која треба да организира и да спроведе избори.
Разрешувањето на министерката уследи откако премиерот Оливер Спасовски достави до Собранието предлог за разрешување на Мизрахи, затоа што министерката неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија“.
Според него министерката Мизрахи го прекршила Уставот, со тоа што не го почитувала Преспанскито договор и на тој начин ги загрозила евроинтеграциите.
Ставот на Мизрахи е дека таа табла ја затекнала во Министерството кога ја презела функцијата и оти пред неа и во минатото поранешната министерка Мила Царовска одржувала средби и прес-конференции.

Таблата е наследена и не постои стара и нова табла. Постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика.
Во меѓувреме треба да и заблагодариме на вицепремиерката за економски прашања, заради тоа што не ја сменила таблата и со тоа длабоко во себе препознава дека ова е Република Македонија и ова е македонски народ!
ВМРО-ДПМНЕ, смета дека причина за разрешувањето на Мизрахи не е таблата со името Република Македонија, туку тоа што таа открила незаконитости и злоупотреби што ги правела претходната министерка Мила Царовска.
Пред да почне 136 седница на која беше разрешена Мизрахи, и на која на дневен ред се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка и Предлог-законот за дополнување на Законот за лична карта, претседателот на Собранието Талат Џафери ја премина 135 седница на која заврши расправата за законот за јавно обвинителство, без да се гласа. Продолжението ќе биде дополнително закажано.
Неуставниот претседател пак на Собранието Талат Џафери најави дека Собранието ќе работи без прекин додека да се распушти и не се распишат предвремените парламентарни избори најавени за 12 април.
Јавноста е згрозена од ваквиот селективен и нетраспарентен начин на однесување на власта
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.