
Македонија
Вести
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски донесе одлуки за разрешување на неколку високи полициски функционери по трагичниот пожар во Кочани.
Според информациите до кои дојде Плусинфо, сменети се седум раководни лица од СВР Штип и Кочани, вклучително и началници и командири од клучните сектори.
Oд функциите се разрешуваат:
– Началникот на Секторот за внатрешни работи Штип
– Помошник началник
– Началникот на Одделението за полиција Штип
– Началникот на Одделението за криминалистичка полиција Штип
– Началникот на Одделението за внатрешни работи Кочани
– Командирот на Полициската станица од општа надлежност Кочани
– Началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани
Од Министерството најавуваат повеќе детали во 15 часот и 30 минунти кога на прес-конференција Тошковски ќе ја образложи својата одлука.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.