По којзнае кој пат исплива на површина злоупотребата на власта и деградирањето на културата во Македонија.

Објавил: Перо Милчин | 2 февруари, 2021 21:54

Разрешувањето на директорот на Театар Комедија нема да го покрие фактот дека тој како кадар на СДСМ, злоупотребил 8,7 милиони денари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Реакција на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ за разрешувањето на директорот на Театар Комедија поради злоупотреба на 8,7 милиони денари!

По којзнае кој пат исплива на површина злоупотребата на власта и деградирањето на културата во Македонија.
 
Поставувањето на партиски директори на културните институции од страна на некомпетентните директори во земјава доведе само некултура и пад на квалитетот граден со години.

Таков е и случајот со Театар Комедија, каде власта успеа да уништи уште една успешна приказна која беше создадена од нула. Од своето формирање во 2011 година, театарот успеа да се наметне како со квалитет така и со популарност како сериозна институција, но тоа траеше се до доаѓањето на СДСМ на власт, кога започна падот.

Доказ за тоа е и разрешувањето на директорот на НУ Театар Комедија, Сашо Ристовски кој беше поставен токму од владата на СДСМ, и тоа не затоа што сметаа дека вреди да го постават, туку затоа што се докажал со неговата партиска активност пред изборите во 2016 година.

Имено, директорот кој токму СДСМ го постави извршил злоупотреба на  од 8.734.486 денари државни пари за кои презел обврска, но за истите не обезбедил покритие. Со тоа е прекршен член 70 а, став 4 од Законот за култура, за што призна и самото министерство.

Неговото разрешување нема да го покрие фактот дека тој злоупотребата ја направил како партиски кадар на власта, ниту тоа дека успеа да го уништи Театар Комедија.

Воедно прашање е дали ќе видиме институционална разврска на случајот или како и за се досега со замената ќе се прикрие злоупотребата на 8,7 милиони денари од државната каса.

И ова не е изолиран случај од страна на власта туку само продолжение на низата скандали на СДСМ во културните институции во Македонија. Наместо култура добивме криминал и антикултура.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Новите мерки би важеле од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица!

Нови мерки: Полициски час од полноќ, се отвораат фитнес центрите и теретаните

Утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки кои ги...

За време на посетата на Брисел премиерот Заев ќе има средба и со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја членка и актуелен претседавач со ЕУ.

Европска агенда на Заев: Работни посети на Брисел, Мадрид и Атина, прва посета на кралството Шпанија на премиерско ниво

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, од вчера ги започна европска...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека нашиот единствен пат е кон Европската Унија, која мора повеќе да се ангажира околку обезбедувањето на нашата иднина бидејќи Зоран Заев не е Македонија туку Македонија е народот кој си има европски вредности.

Мицкоски: Нашата европска иднина е загрозена од секој криминален тендер

Христијан Мицкоски во денешното обраќање во Прилеп посочи дека ја живееме денешната...

Датум, впишан со златни букви во историјата на напредна Европа, како датум за паметење на милионите жртви. Датум за чествување на големото дело на прогресивните сили со кое беше поразено најголемото зло - фашизмот, кој по Втората светска војна зад себе остави ужас и рушевини на нашиот континент и во светот.

Нашиот природен дом е Европската Унија меѓу просперитетните европски нации

Денеска одбележуваме еден голем датум за два крупни настани во историјата на Европа...