Македонија ќе игра на СП 2023 во Полска и во Шведска откако нашите ракометари во извонреден меч славеа над Чешка со 27-25

Објавил: Сара Фемина | 17 април, 2022 20:50

РАКОМЕТНА МАКЕДОНИЈА ОДИ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонија ќе игра на СП 2023 во Полска и во Шведска откако нашите ракометари во извонреден меч славеа над Чешка со 27-25!

Македонија одлично го започна мечот, но голманот на Чешка не дозволи да се одлепиме уште на стартот. Откако се ослободивме од притисокот Македонија дојде до три гола предност (7:4).

Потоа следуваа неколку технички грешки кои и дозволија на Чешка да дојде до еден гол разлика, за на полувреме да заминеме со предност 14:12.

Најефикасни во нашата репрезентација беа Кузманоски и Талески, а одличен на голот беше Митревски со 15 интервенции.

Бараж за СП 2023

Реванш, СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје, гледачи: 7.000

Македонија – Чешка 27:25 (14:12)

Македонија: Митревски (13 одб.), Томовски, Стоилов, Лазаров 2, Талески 6, Миркуловски 2, Н. Маркоски 1, Кузмановски 9, Георгиевски, Ојлески, Младеновиќ, Пешевски 3, Јагуриновски 3, Атанасијевиќ 1, Серафимов, Мишевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...

Ова ќе значи и прекин на групата Б во следните 15 дена, а се очекува во следниве денови да бидат тестирани и ракометари на екипи, кои во изминатиот период играа натпревари против Работнички.

Шеснаесет ракометари на Работнички заразени со корона

Вкупно 16 ракометари се заразени со ковид-19 во редовите на Работнички. Сите се наоѓаат...