
Свет
Балкан
На денешната вонредна владина седница албанскиот премиерот Еди Рама најави дека стручни тимови за проценка на штетите ќе започнат со работа денеска.
Рама изјави дека досега се донирани пет милиони евра и повеќе од милион американски долари помош за погодените од земјотресот и вели дека тоа не е последната сума.

Албанскиот премиер истакна дека сите семејства ќе бидат згрижени во хотели а шаторите ќе бидат отстранети.
Но има еден мал проблем со жителите на околните села кои го замолиле премиерот да останат во шаторите за д аможат да се грижат за нивните земјоделски стопанства.
Рама потврди дека досега загинале 49 лица, вклучително и деца,од нив во Драч 25, во Туман 23 и една жртва во Курбин.
Потрагата по преживеани беше прекината вчера во Тумана, а потоа и во Драч.
– Во областа Драч се сместени 1.260 лица, од кои 625 се во хотели и 360 во училишни спортски сали. Останатите се во шатори или кај роднини. Во Туман, околу 500 луѓе се сместени во шатори и тие ќе бидат сместени денеска во хотели, рече Рама.
Според податоците кои ги објави Рама дури 3.480 луѓе останале без своите домови во округот Тирана а во Драч се регистрирани 701 оштетени објекти, од кои 12 целосно уништени, а 176 оштетени.
Во Тирана, 15 згради се целосно уништени, 239 оштетени и осум згради не се во употреба.
Рама повтори дека секој кој има некој канал за комуникација и истиот го употребувал за да шири лажни вести, или ширење на паника помеѓу народот ќе биде затворен.
Владата прогласи вонредна состојба и во градот Лач – тешко погоден во силниот земјотрес од 26 ноември.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.