Коха изјави дека Канцеларијата на ЕУ во Тирана вели дека тие не се вклучени во подготовката на извештајот за легализација на канабисот во Албанија за медицински цели.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 мај, 2020 14:36

Рама од Албанија прави НАРКО РАЈ: Премиерот јавно повика на легализацијата на марихуаната!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека е за закон за легализирање на канабисот во Албанија за медицинска употреба, пренесува „Косовска онлајн“, повикувајќи се на приштина „Коха“.

На конференцијата што се одржа по повод Денот на Европа, на која тој се појави заедно со евроамбасадорот во Албанија Луиџи Сорек, Рама рече дека, по една година работа, нацрт-оправданоста за производство на канабис ќе биде готов.

– За овој нацрт се консултиравме со нашите и странски експерти, но главната работа што ја правиме е да ги искористиме искуствата на другите – рече Рама.

Коха изјави дека Канцеларијата на ЕУ во Тирана вели дека тие не се вклучени во подготовката на извештајот за легализација на канабисот во Албанија за медицински цели.

– Сакаме да разјасниме дека Европската комисија и делегацијата на ЕУ во Албанија не биле вклучени во подготовката, изготвувањето или консултацијата за нацрт-извештајот за планови за култивирање и легализација на канабис за медицински цели во Албанија – се наведува во Твитер-постот на канцеларијата на ЕУ во Тирана.

Во меѓувреме, ова прашање се коментира во Албанија, но и на Косово.

Поранешната косовска вицепремиерка Едита Тахири, исто така, реагираше на иницијативата на Рама.

– Многу политичари станаа лекари повеќе од лекарите во ова време на пандемијата. Но, лекарот стана Еди Рама, кој се обидува да прогласи канабис за медицинско растение, кое се одгледува во Албанија. Зарем светот не виде доволно од трагедијата за дрогата – рече Тахири.
Таа додаде дека „Рама, наместо да ја претвори Албанија во бисер на поморскиот туризам, ризикува да ја претвори во пекол на канабис“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Иницијатор за поднесување на барањето е д-р Алемпијевиќ, професор по судска медицина на Медицинскиот факултет во Белград, а него го поддржаа уште шест колеги и еден лекар во пензија.

НЕСТОРОВИЌ ОСТАНУВА БЕЗ ДОКТОРСКА ЛИЦЕНЦА: Ќе поднесам тужба!

Против проф. Д-р Бранимир Несторовиќ, член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот,...

Според АП, тој оценил дека „во американската историја е без преседан толку мал број на корпорации кои контролираат толку голема сфера на човековите интеракции“.

ТРАМП ПОТПИША УРЕДБА ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Имаа неконтролирана моќ да цензурираат, ограничуваат, креираат и кријат!

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се ограничува заштитата...