Косовскиот премиер во заминување, Рамуш Хардинај заработи тужба од албанскиот премиер Еди Рама поради клевета.
Рама бесен на изјавата на Хардинај поднел тужба до Основниот суд во Приштина. Тужбата се однесува на клевета дека Рама наводно се залагал за размена на територии меѓу Белград и Приштина.
Според Харадинај, Еди Рама нема основ за тужба. Тој вели дека Рама сака да манипулира и дека тужбата е поднесена само за да се избегне политичката одговорност.
Харадинај наведе дека во законски предвидениот рок ќе даде одговор на тужбата, пренесе Косово онлајн.
-Во медиумите денеска е објавено дека албанскиот премиер Еди Рама, на суд поднел тужба против мене. Според законот, јас ќе го подготвам одгвоорот на тужбата во законските рокови, наведе Харадинај.Тужбата на премиерот Рама е сосема неутемелена и претставува негова политичка диверзија за да се сокрие зад медиумските драми и за да ја избегне одговорноста. Нашиот народ и Косово имаат луѓе кои ќе бидат нејзиниот браник во секој момент“, наведе Харадинај на Фејсбук.
Рама во тужбата истакна дека Харадинај зборувал за размена на територии меѓу Белград и Приштина, при тоа обвинувајќи го него дека со Хашим Тачи и Александар Вучиќ ја отвориле идејата за размена на територии.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.