Тензиите меѓу Белград и Приштина ескалираа на 24 септември кога косовската полиција се судри со вооружена група во селото Бањска, северно Косово.

Објавил: Македонка Димкин | 6 октомври, 2023 12:02

Рама смета дека ситуацијата на северот на Косово е опасна, Вјоса Османи ги повика ЕУ членките да ја санкционираат Србија

Фото/Текст извор: ©Магазин / Твитер

Премиерот на Албанија – Еди Рама денеска во Гранада изјави дека е загрижен за ситуацијата на северот на Косово. Ја оцени како „многу опасна“. Порача дека треба да се преземат мерки пред да биде доцна.

„Сите сме загрижени бидејќи ситуацијата е многу опасна. Секоја година се зголемува потенцијалната опасност, а криминалните активности во областа каде што живее мнозинството од српското малцинство сега целосно се совпаѓаат со политичката агенда“, изјави Рама.

Тоа го изјави Рама премиерот на земјата каде се продаваат сеуште човечки органи и е дувло на Криминалот бо Европа. Но Рама не се осврна на суштинскиот проблем зошто Косово одбива  да го спроведе договореното, да се осниваат Српски општини??? 

Тој рече дека ЕУ треба да преземе мерки против Србија поради вооружениот конфликт во Бањска, повторувајќи дека Албанија поради тоа првпат во последните 10 години не се усогласи со надворешно политичката одлука на ЕУ. А што е со мерките против Косово? 

Косовската претседателка Вјоса Османи со изјава дека се надева оти Шпанија ќе им се придружи на другите европски земји во воведувањето санкции кон Србија поради минатонеделните настани на северот на Косово.

„Нема причина да се сретнеме (со Србија) пред да се воведат санкции“, рече Османи во Гранада.

Тензиите меѓу Белград и Приштина ескалираа на 24 септември кога косовската полиција се судри со вооружена група во селото Бањска, северно Косово.

Еден полицаец и тројца од напаѓачите загинаа.

Да не се заборави кога во 2015 година на 8 и 9 Мај Македонија беше нападната од косовските терористи загинаа 8 полицајци, Косово ги пречека убиените терористи со сите почести а нивните фамилии беа нградени.

Факт е дека Косово е најголемиот проблем на балканот, почнувајќи од криминални активности па се до терени за обука на терористи и тоа ќе остане така се додека им одговара на Империјалистите од Америка. Косово никогаш нема да биде признта држава и ќе остане велити проблем. се додека не се намали влијанието на штампаните долари. 

Србија како и Македонија никогаш нема да бидат примени во елитното европско друштво

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Нема мртви и повредени на сплавот „Картел“, кој почна да тоне нешто по полноќ кога на него се наоѓаа стотина млади луѓе, изјави началникот на Секторот за вонредни состојби во Србија, Лука Чаушиќ.

Потона сплав во Белград на него немало Македонци!

Потона сплавот „Картел“ на кејот Сава во Белград, додека на него се забавувале стотина...

Доктор Бранимир Несторовиќ, кој беше носител на листата „Д-р Бранимир Несторовиќ – Ние, гласот на народот“, очигледно ќе биде тој што ќе одлучи кој ќе коалицира во Белград.

Бранимир Несторовиќ, најголемото изненадување на изборите во Србија

Доктор Бранимир Несторовиќ, кој беше носител на листата „Д-р Бранимир Несторовиќ –...