Судирот помеѓу централната власт на СДСМ и локалната на ДУИ повторно во судир

Објавил: Узунов Бобан | 7 март, 2019 11:58

Рамиз Мерко до министерот Сугарески: Кај ќе ги носиш плажите, во Прилеп ?

Фото/Текст извор: ©плусинфо/магазин

Кај ќе ги носи Сугарески плажите во Прилеп? Ова е бурната реакција на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, по вчерашната најава на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески за измени на Законот за градежно земјиште со кои државата ќе стопанисува со охридските плажи наместо општините.

– Да му пуштите абер на министерот Сугарески дека сме демократска држава, спроведуваме демократија, а тоа подразбира и практикување на децентрализацијата. Од 2012 годиниа со децентрализацијата плажите се под ингеренции на општините. Му порачувам на Сугарески да не носи селективни одлуки само за струшките плажи. Нека ги одземе ингеренциите на општините и на плажите во Охрид, Преспа, Дојран и на сите помали езера. Кај ќе ги носи министерот плажите, во Прилеп? – изјавил Мерко за Плусинфо.

Тој вели дека во партијата не разговарале за најавата на Сугарески дека плажите ќе одат под државна капа и најави дека за ова ќе бара средба со лидерот Али Ахмети за Централното претседателство на партијата да заземе став.

Минатата недела и Градоначалникот Петре Шилегов влезе во судир со градоначалникот на Сарај Блерим Беџети. Шилегов тогаш изјави дека жали што градот Скопје нема ингеренции да ја сруши дивоградбата во Сарај. Доколку би имале ингеренции, до сега дивоградбата ќе била срушена.
Шилегов исто така кажа дека државниот инспекторат (кој е под надлежност на министерот н.з) Сугарески треба да излезе да лице место и апелираше до општината Сарај да почнат да работат и да не дозволуваат дивеење.

И од пратеничката група на ДУИ ни изјавија дека немаат изградено став дали ќе ги поддржат измените на Законот за градежно земјиште.

Мерко е категоричен дека ќе се споротивстават на предлогот на Сугарески.


Општина Струга ги изгради плажите. Тврдам дека нема ниту една нелегална градба. И впрочем, концесиите за плажите ги издава Министерството за транспорт и врски. Ние немаме профит од плажите, туку вложуваме во нив. Нека проверат дали јас или некој мој близок има концесија за да имаме интерес од плажите. Од седум плажи на струшкиот брег, Министерството за транспорт три концесии даде преку директна спогодба и сега на Општината ќе ѝ ги одземат плажите. Срамота! – вели Мерко.


Струшкиот градоначалник во одземањето на плажите од локалната самоуправа гледа тенденција на Министерството за транспорт против Струга. Тој смета дека стопанисувањето со плажите треба да остане на општините или ако се одземат ингеренциите тоа да важи за сите општини, а не само за охридските плажи.

На прашањето што доколку и пратениците на ДУИ го поддржат законот, Мерко вели:

– Нека го донесат законот, па на пратениците ќе им ја дадеме и Општината, нека управуваат и со неа. Со ваквата одлука министерот Сугарески директно прави штета на претстојната туристичка сезона во Струга.

Сугарески вчера изјави дека очекува наредната недела да почне собраниската процедура за измени на Законот за градежно земјиште со кои ќе се овозможи државата да ги преземе ингеренциите од општините Охрид, Струга и Дебрца врз крајбрежјето на Охридското Езеро, односно стопанисувањето со плажите.

– Тоа го најавив на трибината тука во Охрид заедно со премиерот Зоран Заев. Очекувам наредната седмица во Парламентот да влезе законот, што значи дека надлежностите на крајбрежјето и плажите ќе бидат под државата, а не на локално ниво – рече Сугарески појаснувајќи дека тоа се прави од причина што локалните власти не можат да се справат со проблемите.

За тоа како трансферот на ингеренциите ќе се одрази врз претстојната туристичка сезона, од аспект на издавањето на плажите под концесија, Сугарески изрази уверување дека има временски простор сѐ да се заврши во најдобар ред.

– Очекувам законот да биде донесен најбрзо, но дел од работите не зависат само од Владата туку и од Собранието – рече тој, истакнувајќи дека ниту една дивоградба нема да биде толерирана, независно под чија ингеренција било земјиштето издадено на стопанисување.

За вршителот на должноста градоначалник на Охрид, Константин Георгиески, практиката од минатото покажала оти општините имаат потешкотии во менаџирањето на плажите на Охридското Езеро, како што рече, поради определени недоследности во системот, пропусти направени во минатото, како и недозволени активности на

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со многу емоција, заедно со народот подготвена сум да ја понесам тежината на борбата.

Моќна порака на Мизрахи: Должни сме да си ја одбраниме нашата мајка, Македонија- НИЕ СМЕ МАКЕДОНСКИ НАРОД

Како што мечката си го брани своето мече, должни сме да си ја одбраниме нашата мајка,...

-Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности.

Кокаинот во Крушопек стигнал во пратка со банани (фото)

Полициска акција се спроведуваше во селото Крушопек, Сарај, каде е запленета голема...

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека бил принуден да се обрати на јавноста по, како што наведува, многубројните лажни вести за него и неговото семејство

Вицето: смешно е мене да ме поврзувате со рекет, јас сум честит човек!

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека...

Тој во допис за медиумите вели дека бил принуден да се обрати до јавноста по лажните вести кои акко што вели доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ а се контролирани од Никола Груевски. 

Сакаат да ни наштетат, ниту јас, ниту брат ми не сме вмешани во “Рекет”- по два дена молчење се огласи Вице Заев

Откако во медиумите пред два дена одекна веста дека Вице Заев и поранешниот премиер...