„Груевизмот е длабоко всаден во институциите“, истакна Рамковски, порачувајќи дека е исплашен, бидејќи Груевизмот и по три години е уште силен.

Објавил: Сара Фемина | 21 декември, 2019 21:50

РАМКОВСКИ: „Груевизмот е длабоко всаден во институциите, СИТЕ НЕ ПЛАШИ“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Неможноста да се видат ѕвездите и светлоста на денот го менуваат човекот засекогаш“, вака сопственикот на згаснатата А1 телевизија, Велија Рамковаки го почна неговото сведоштво на трибина организирана од „Цивил“ наречена „Жртви на режимот“.

Рамковски зборуваше за затегнатите односи со поранешниот премиер, Никола Груевски и велеше дека првите денови во Шутка не можел да дише.

Бев 27 месеци во Шутка. Секој ден имав претрес скоро саат и пол траеше претресот. Психолошка војна“, изјави поранешниот сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски.

Велија Рамковски беше осуден во случајот „Пајажина“, за затајување на данок, перење на пари, злосторничко здружување и измама на доверители. Според обвинението, затаен бил данок од околу 5 милиони евра.

„Груевизмот е длабоко всаден во институциите“, истакна Рамковски, порачувајќи дека е исплашен, бидејќи Груевизмот и по три години е уште силен.

„28 месеци не можев да ја видам Емел, мојата ќерка која беше во другата зграда од затворот. Намерно не ми дозволуваа да може да се видиме, бар преку прозорец. Се радував на судењата зашто само таму можев да ја видам сопругата и ќерката. Груевизмот е длабоко во институциите. Сега сум малку исплашен. И после три години Груевизмот ме плаши. Сите нè плаши“, рече Рамковски.

„Кај секој човек тоа чувство на правда и неправда постои… Покажете дека имате чувство за правда, во дадените можности, ама овде, за нас, е нула. Повелете, народот да види. Нема некој што не ја бара А1. Не ме затворија само мене, фамилијата и најблиските соработници, им ја затворија на народот и А1… Еве ви господо, одите на избори… направете и нешто за правдата…“, порача Рамковски.

На трибината „Жртви на режимот“ во организација на НВО Цивил беше и новинарот Томислав Кежаровски, потсетувајќи се за условите во затворот и сето тоа низ што тој и неговото семејство морале да поминат.

За време на влеадеењето на Никола Груевски, Рамковски беше осуден на 13 години затвор, а одлежа седум во затворот „Идризово“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Ако погребот како масовен собир е забранет и се прави под специјални услови, кај нас такви настани нормално се случуваат, нема контрола, дури и се кажува дека болеста се проширила таму.

ПАНОВСКИ: Нема казни за масовните собири, нема контрола и затоа сме на ова дереџе!

Вечерва во „Само вистина“ на Канал 5, гостин беше д-р Никола Пановски! Според Пановски,...

-Кога го испраќавме татко ми во операционата сала, тој беше преплашен, целата таа ситуација беше многу емотивна.

СРЦЕТО НА ЕМИЛИЈА СЕГА ЧУКА ВО ИВАН: Ова е човекот кој ја издржа првата трансплантација на срце во Македонија!

 -Се ни е како во сон, уште не можеме да сфатиме дека ова навистина се случува. Настаните...

Салата беше полна и нормално дека имаше позитивни реакции. Прво неколку секунди сите молчеа, а потоа се слушна ракоплескање, воодушевување, а имаше и по некоја солза.

Интервју со проф.д-р Сашко Јовев, кој ја водеше првата трансплантација на срце во земјава: Имаше солзи, почекавме неколку минути и ракоплескавме!

Кога сѐ беше завршено требаше да почекаме неколку моменти за да зачука срцето. Реагиравме...

Меѓу првите воведовме рестрикции, препораки. Од друга страна, МВР - конкретно техничкиот министер Чулев самиот изјавува на медиумите дека не сака да казнува.

МАНЧЕВСКИ: Оваа Влада добро се справи со Ковид 19!

Министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски во вечерашното...