
Свет
Косово
Aнита Муцај Харадинај, новинар на РТК и сопруга на Рамуш Харадинај, синоќа била примена во Ургентниот центар во Приштина откако била претепана од нејзиниот сопруг, пренесуваат албанските медиуми.
Рамуш и Анита се во брак 17 години. Пред тоа, тој беше оженет со Швеѓанка со која има син од првиот брак. Тој има три деца, два сина и ќерка со новинарката Анита.
Потпа преку објава на „Фејсбук“, таа негираше сè и објасни дека тие се среќни заедно веќе 17 години.
„Веќе 20 години работам и сум дел од медиумите во Косово и денес изразувам жалење за медиумското ниво и тенденцијата да се произведуваат банални вести, банални наслови и озборувања за два клика повеќе или помалку, многу пати сум била дел од ваквите вести и сфатив дека игнорирањето би било вистинска форма за одговор на шпекулациите, но ова синоќешното беше невозможно да се игнорира затоа што сум нечија мајка, сестра, пријателка, пријателка и нормално дека тоа вознемирило некого некаде! Затоа е срамно да се произведуваат толку ниски вести! „Јас сум многу добро и веќе 17 години сом многу добро со Рамуш “, пишува таа.
Анита Харадинај, преубавата сопруга на Рамуш Харадинај, е презентерка на вести во Косовска национална телевизија, а неодмна присуствуваше на Самитот на жените во Лондон, каде што беше избрана за една од најмоќните жени во светот.
Парот Харадинај често пати се појавуваат заедно во разни настани. Еден таков настан каде што и двајцата се појавија со насмевки во лице е спортскиот натпревар меѓу Чешка и Косово што се одржа неодамна во Приштина.
Рамуш Харадинај ги објави сликите со неговата сопруга но и со децата на социјалната мрежа Фејсбук.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.