
Свет
Балкан
Со контролирана експлозија срушена е шесткатна зграда што се сметала за објект под закана од уривање по земјотресот од 6,4 степени кој ја погоди Албанија, пренесува аганцијата „Танјуг“.
Уривањето во вторникот го извршила армијата во западниот пристанишен град Драч, седум дена по земјотресот во кој загинаа 51 лице, а беа повредени повеќе од 3.000 луѓе.
Земјотресот оштети повеќе од 11.000 објекти и остави 3.000 луѓе без покрив над главата. Тие се згрижени во хотели, јавни згради, шатори или кај свои роднини. Дел од нив најдоа прибежиште во соседно Косово.
Најпогодени области беа Драч, популарно одморалиште за Албанците на триесет километри западно од Тирана, и блискиот град Туман.
Се очекува да бидат урнати уште пет згради во двата града, додека десетици градежни инженери од Албанија и Европа вршат увид во областите погодени од земјотресот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.