Жените кои редовно ги проверуваат своите дојки ги осознаваат и знаат какво е на допир нормалното ткиво на дојката. На овој начин тие можат рано да го откријат присуството на каква било маса.

Објавил: Сара Фемина | 22 октомври, 2020 10:04

Рано дијагностицирање на карцином на дојка: Самопреглед во 4 чекори

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

 

Жените треба еднаш месечно да прават самопреглед на своите дојки. Ова е првиот чекор со кој рано може да се открие карциномот и да се почне со лекување. Самопрегледот треба да се прави 5-7 дена по започнувањето на менструацијата, кога има најмалку хормонално влијание.

Жените кои редовно ги проверуваат своите дојки ги осознаваат и знаат какво е на допир нормалното ткиво на дојката. На овој начин тие можат рано да го откријат присуството на каква било маса.

Самопрегледот на дојките може да се направи на многу начини. Најефикасно е визуелно проценување на промените пред огледало, како и проверување на дојките рачно во лежечка позиција.

Раното откривање на карциномот на дојка многупати и не е толку очигледно. Како што карциномот напредува, во дојките се случуваат промени кои треба внимателно да се следат. Ваквите промени се чувството на присуство на маси во дојките или во пазувите, промена на големината или обликот на дојките, секреција од брадавицата и менување на бојата на кожата на дојката или на ареолата.

Иако повеќето од овие промени не значат дека станува збор за карцином, доколку се присутни потребен е преглед од доктор.      

Самопреглед во 4 чекори

1. Почнете го самопрегледот пред огледало. Ставете ги рацете на половината за да видите дали дојките ви се симетрични. Проверете дали имате видливи маси во дојките, вовлекување или промена на бојата на кожата.

 

  

2. Подигнете ги рацете и повторете ја постапката.

 

 
 

3. Потоа, легнете на грб и продолжете со самопрегледот. Започнете со десната дојка. Ставете мала перница под десното рамо за самопрегледот да ви биде поудобен. Ставете ја десната рака под главата.

 

 

4. Самопрегледот се прави со 2-3 прсти од левата рака. Почнувајќи од ареолата, притиснете нежно на градното ткиво со кружни движења за да проверите дали има присуство на чувствителност или маси. Откога ќе завршите со проверка на  дојките, преминете на пазувите. Повторете гја истата постапка на левата дојка и пазува.

Рано дијагностицирање на карцином на дојка

Тест Возраст Временски период
Самопреглед Од  20 години Секој месец
Мамографија Под 40 години Во зависност од семејната историја. Пациентите со наследен ризик од карцином на дојка може да започнат од 25 години, наизменично секоја година со МР и мамографија.
Над 40 години Секоја година
Клинички преглед на дојки Над 20 години На секои 1-3 години (во зависност од семејната историја и факторите на ризик)
Над 40 години Секоја година

Acibadem Sistina

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Д-р Патриција Каламарас, инфектолог, вели дека сè уште нема потврдена делотворна терапија, нема ни вакцина. Дополнително болеста се манифестира различно кај различни луѓе, па Каламарас вели дека во иднина може да се докаже дека во основата на развојот на болеста е генетиката.

НОВИ СОЗНАНИЈА: КОВИД-19 МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА И СТЕРИЛИТЕТ

Светот се соочи со болест која е нова и која ја има на целата планета – предизвикана...

Астразенека рече дека вакцината може да биде ефикасна до 90 проценти без сериозни несакани ефекти, пренесува Ројтерс.

ВАКЦИНАТА ОД ОКСФОРД ДЕЛУВА: 20.000 волонтери учествуваа во студијата, научниците задоволни од резултатите

Астразенека рече дека вакцината може да биде ефикасна до 90 проценти без сериозни несакани...

Зависно од типот на туморот, вниманието кон болеста може најпрво да биде привлечено од страна на така наречениот паранеопластичен синдром.

Рак на бели дробови, овие симптоми не треба да ги игнорирате

Најчестите симптоми се кашлање (вклучувајќи искашлување на крв), губење на телесна...