По падот на СДСМ, паднаа и првите оставки

Објавил: Калина Мартинска | 9 мај, 2024 10:05

Раскол во СДСМ – Фатмир Битиќи и Перо Костадинов се повлекува од функцијата во СДСМ по изборниот пораз

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Расколот во СДСМ вечерва веќе започна. Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи преку Фејсбук статус најави оставка. Коносителот на втората изборна единица го повика раководството да го направи истото.

„Одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата“, започнува Фатмир Фатиќи.

Објавата следува веднаш по прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. И Ковачевски најави дека ќе има одговорност, но тоа не го смири партиското членство.

„Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех“, пишува сега веќе поранешниот потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Фатмир Битиќи не е единствениот кој поднесе оставка и прикажа незадоволство. Имено, градоначалникот на Струмица Коста Костадинов кој е близок пријател на Зоран Заев јавно искажа незадоволство од Ковачевски.

Преку „ребус“ објавен на Фејсбук тој јасно дава дознаење дека не му се допаѓа она што е внатре во СДСМ. „Некои порази се подобри од победите“, напиша тој и суптилно кажа дека е незадоволен од Димитар Ковачевски.

Некои победи се полоши од поразите и обратно, некои порази се подобри од победите! Кој треба ќе разбере! Предавање, никако!, пишува Костадинов.

За незадоволство во партијата алудираше и Сања Лукаревска која вели дека СДСМ сериозно треба да се реформира.

По Фатмир Битиќи, и потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата.

Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам оставка од мојата партиска функција, потпретседател на СДСМ“,информираше Костадинов на социјалните мрежи.

Како што вели, најважни се слободата, мирот и напредокот на Македонија.

Граѓаните, денес гласаа на демократски избори, и на слободен начин ја изразија сопствената волја. Како држава, можеме да продолжиме напред само преку заедништво и добронамерност. Потребни ни се внатрешни и надворешни партнерства, силни институции и интеграција на земјата во ЕУ. Сонот за подобар живот дома, е на сите нас.

СДСМ ќе се реформира, затоа што му е неопходна на општеството. Како државотворна партија која секогаш ја негува демократијата, ја гарантира слободата на граѓаните и никогаш не поттикнува меѓуетнички судири, како столбови на нашиот опстој“ – напиша Костадинов.

Вечерашниот исход на СДСМ со само 18 пратеници е најслаб за оваа партија во историјата на независна Македонија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.