
Македонија
Политика
Во јуни или најдоцна на почетокот на есента ќе треба да разговараме за да ги обезбедиме европските аспекти за земјите како што е „Северна“ Македонија, порача премиерот на Данска, Ларс Локе Расмусен по средбата во Атина, со неговиот грчки колега Алексис Ципрас и истакна дека посетата на грчкиот премиер на Скопје докажува дека двете земји имаат заедничка стратешка визија.
Двајцата премиери, освен за билатералните односи, за миграцискиот проблем и за Брегзит, разговараа и за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и за Договорот од Преспа.
Ја користам оваа можност да му се заблагодарам на грчкиот премиер за значајните напори вложени за да се реши долгогодишниот спор со „Северна“ Македонија. Прашањето е решено земјата ќе влезе во НАТО. Говориме за историски напор, а Вашата неодамнешна посета на Скопје, главниот град на „Северна“ Македонија, потврдува дека двете земји имаат заедничка стратешка визија. Ова, придонесе за стабилноста во регионот, рече Расмусен.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.