Пред утрешното пристапување кон гласање за уставни измени и во ДУИ поделени, Маноиловски искажал свој став кој е дијаметрално спротивен од оној на партијата, тврди Груби

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 октомври, 2018 9:53

Распад во ДУИ, ставот на Маноиловски не е став на партијата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратеникот на ДУИ и шеф на кабинетот на претседателот Али Ахмети, го демантираше колегата Бранко Маноиловски, дека искажал личен а не партиски став.

Пратеникот на ДУИ, Бранко Маноиловски, побара амнестија за обвинетите функционери на ВМРО – ДПМНЕ за ланскиот упад во Парламентот.

Од говорницата тој рече дека амнестијата за функционерите на ВМРО – ДПМНЕ би била помалку штетна за државата отколку неуспехот на Преспанскиот договор.

Но, сопартиецот на Маноиловски, Артан Груби рече дека ставот на пратеникот не е партиски, туку личен.

„Како што вие имате право на лично мислење и господинот Бранко Маноиловски има право на лично мислење кое не го претставува ставот на парламентарната група на ДУИ, а уште повеќе на ДУИ како политичка партија“. – рече Груби.

На вчерашната пленарна седница не се појавија пратениците на ВМРО – ДПМНЕ, Саше Василевски и Љубен Арнаудов, обвинети за 27 април, кои беа ослободени од притвор. 

Во меѓувреме, нивните колеги ги повлекоа сите процедурални говори како револт кон Талат Џафери, кој го одби барањето на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да им се обрати на пратениците.

Неофицијално, мнозинството планира во петок на пладне иницијативата за уставни измени да ја стави на гласање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

ЕУ дискутира за епидемиолошката состојба во „трети земји“ на секои две недели и го ажурира списокот на оние земји што се сметаат за безбедни за патување

Од 25 јуни Германија ќе дозволи влез на патници кои не се од ЕУ, но само со примени две дози вакцина

Од 25 јуни германската влада ќе им дозволи на патниците надвор од ЕУ кои ги примиле двете...

Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид“.

Тешко ранет жител на Дебар!

Дебар,18 јуни 2021(МИА) – А.И. од Дебар синоќа бил ранет со огнено оружје, а поради сериозноста...

На Задушница се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите...

Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани.

ВМРО-ДПМНЕ со молба до Заев да си оди лош бил, Заев не молеше беше на улица!

Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност. Воедно...